Close Menu
Press24
    Најново

    „Многу врева, малку одговорност“ – ВМРО-ДПМНЕ со критики до СДСМ за „Алта банка“

    20.11.2026 во 09:17

    УХМР издаде најново метео предупредување

    20.11.2026 во 08:58

    СДСМ обвинува за доцнење со пензиските придонеси: “Во ризик заштедите на 650.000 граѓани”

    20.11.2026 во 08:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Многу врева, малку одговорност“ – ВМРО-ДПМНЕ со критики до СДСМ за „Алта банка“
    • УХМР издаде најново метео предупредување
    • СДСМ обвинува за доцнење со пензиските придонеси: “Во ризик заштедите на 650.000 граѓани”
    • Големи температурни разлики утрово низ Македонија – УХМР информира каде било „потоп”
    • МВР со предупредување до родителите: „Опасна група „764“ ги демне децата на интернет”
    • Началникот на Генералштабот во Тирана со воените лидери од регионот и НАТО
    • УНИЦЕФ и Македонската берза обединуваат сили за подобра иднина на децата
    • Ќе снема вода во 09:30 – Најавени исклучувања во Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Многу врева, малку одговорност“ – ВМРО-ДПМНЕ со критики до СДСМ за „Алта банка“

    „Многу врева, малку одговорност“ – ВМРО-ДПМНЕ со критики до СДСМ за „Алта банка“

    20.11.2026 во 09:172 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДСМ и лидерот на партијата, Венко Филипче, ширеле паника во јавноста околу случајот со „Алта банка“, претставувајќи се како загрижени за граѓаните и стабилноста на банкарскиот сектор, додека самите не реагирале навреме кога биле на власт.

    Во партиското соопштение се наведува дека и покрај, како што велат, итноста што ја наметнувале СДСМ и Филипче во јавноста, првата надзорна седница била свикана дури по 10 дена, а втората две недели по првата.

    Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека тоа ја доведува во прашање сериозноста на нивните реакции и обвинуваат дека опозицијата правела политичка врева без соодветна одговорност.

    Од владејачката партија дополнително отвораат прашања за постапките од 2023 година, кога СДСМ и ДУИ биле на власт. Според ВМРО-ДПМНЕ, тогашни функционери учествувале во постапки поврзани со вклучувањето на Државното правобранителство во деловни односи со „Алта банка“.

    Од партијата прашуваат дали во тој период биле направени проверки, кој ја разгледувал документацијата и кој дал согласност, како и зошто евентуалните сомнежи не биле јавно посочени тогаш.

    ВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ и Филипче треба да дадат одговори за постапките од времето кога ја предводеле власта, наместо, како што наведуваат, денес да зборуваат за одговорност, а претходно да молчат.

    Ставовите и обвинувањата се дел од партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    УХМР издаде најново метео предупредување

    20.11.2026 во 08:58

    СДСМ обвинува за доцнење со пензиските придонеси: “Во ризик заштедите на 650.000 граѓани”

    20.11.2026 во 08:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.