Close Menu
Press24
    Најново

    Началникот на Генералштабот во Тирана со воените лидери од регионот и НАТО

    20.11.2026 во 08:32

    УНИЦЕФ и Македонската берза обединуваат сили за подобра иднина на децата

    20.11.2026 во 08:29

    Ќе снема вода во 09:30 – Најавени исклучувања во Скопје

    20.11.2026 во 08:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Началникот на Генералштабот во Тирана со воените лидери од регионот и НАТО
    • УНИЦЕФ и Македонската берза обединуваат сили за подобра иднина на децата
    • Ќе снема вода во 09:30 – Најавени исклучувања во Скопје
    • Ден за молитва, мир и добри дела: Се празнуваат Светите 33 маченици
    • Светските берзи го диктираат темпото: Раст на цената на нафтата пред новата одлука на РКЕ
    • Драма во Скопје: Чичко си ја нападнал внуката
    • Инфраструктурни проекти во Валандово – Николоски денеска на терен
    • За што ќе се трошат парите во 2027 година – Над 300 амандмани на маса пред пратениците
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Началникот на Генералштабот во Тирана со воените лидери од регионот и НАТО

    Началникот на Генералштабот во Тирана со воените лидери од регионот и НАТО

    20.11.2026 во 08:321 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, ќе престојува во Тирана, каде што ќе учествува на редовниот годишен состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната (DECI).

    Состанокот е посветен на регионалната безбедност и унапредувањето на одбранбената соработка, а покрај воените претставници од земјите членки, ќе присуствуваат и високи претставници на НАТО и Европската Унија.

    Меѓу учесниците се најавени заменик-командантот на Здружената команда на НАТО во Неапол, командантот на мултинационалните копнени сили, како и командантите на мисиите КФОР и ЕУФОР.

    Во фокусот на разговорите ќе бидат актуелните безбедносни предизвици во регионот, соработката во рамки на DECI и НАТО, како и можностите за продлабочување на партнерството преку заеднички обуки и активности.

    Предвидено е генерал-мајор Лафчиски да се обрати на работните сесии, при што ќе ја истакне посветеноста на државата кон колективната безбедност и придонесот на Армијата во регионалните и меѓународните безбедносни иницијативи.

    На завршницата на состанокот, началниците на генералштабовите треба да усвојат заедничка изјава за соработка и да ги утврдат следните чекори за реализација на заедничките проекти во рамки на иницијативата DECI.

    Од Генералштабот на Армијата информираат дека учеството на состанокот е дел од континуираните активности за зајакнување на регионалната одбранбена соработка.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    УНИЦЕФ и Македонската берза обединуваат сили за подобра иднина на децата

    20.11.2026 во 08:29

    Ќе снема вода во 09:30 – Најавени исклучувања во Скопје

    20.11.2026 во 08:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.