Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ММФ: Геополитичките кризи го прават бакарот сè повреден, Македонија сè уште не ги користи резервите во Иловица

    ММФ: Геополитичките кризи го прават бакарот сè повреден, Македонија сè уште не ги користи резервите во Иловица

    08.07.2026 во 10:423 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Глобалните конфликти повторно покажаа колку се чувствителни пазарите на критични минерали. Во најновата анализа на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) се наведува дека воените случувања на Блискиот Исток најсилно влијаеле врз цените на бакарот и алуминиумот, поради нарушувањата во синџирите на снабдување.

    Во такви услови, земјите што располагаат со резерви на бакар добиваат дополнителна економска можност. Македонија, иако има значајни наоѓалишта, засега не успева да го искористи тој потенцијал. Додека единствениот активен рудник за бакар „Бучим – Боров Дол“ постепено ги исцрпува своите резерви, големите ресурси во Иловица и Штука остануваат неискористени.

    Инвестицијата продолжува да биде во застој, иако според проценките од геолошките истражувања компанијата би можела да произведува околу 16 илјади тони бакар на годишно ниво. Постојат и други локации на кои сега се истражува присуството на бакар, а една од нив е во близина на Крива Паланка, каде се испитува и антимонот. Претходно, нереализирани останаа неколку инвестиции во рудник за бакар, како што е Казандол и во моментов државата нема големи количини кои може да ги понуди на светските пазари, иако еден тон бакар на Лондонската берза искачи вредност од над 13 илјади американски долари.

    Од локалната иницијатива „И здравје и работа“, која го поддржува проектот во Иловица, истакнаа дека се залагаат за економски развој, преку почитување на високи еко-стандарди и ги повикаа институциите доследно да ги почитуваат судските одлуки, да ги спроведат законските процедури и да носат одлуки врз основа на законите, фактите и стручните анализи.

    „Никој не бара проектот да биде одобрен по секоја цена. Ако не ги исполнува сите законски, технички и еколошки услови, институциите имаат обврска да не дадат дозвола. Но, ако ги исполнува сите пропишани критериуми, тогаш државата има иста таква обврска да постапува согласно законот, а не под притисок на поединци или интересни групи“, наведоа неодамна од иницијативата.

    Додека кај нас проектите за ископ на бакар се соочуваат со низа пречки да го видат светлото на крајот на тунелот, ММФ оценува дека прекините во синџирот на снабдување извршиле сериозен притисок врз цените на основните метали. Кризата како онаа во Блискиот Исток предизвикала најмногу да поскапат бакарот, за 29,5 проценти, како и алуминиумот, за 29,8 проценти.

    „Прекините во снабдувањето доведоа до зголемување на цената на основните метали… Цените на Фјучерс-пазарите за основни метали сугерираат понатамошно зголемување на цените во 2026 година, што укажува на отпорна побарувачка во услови на сè уште кревка понуда“, се наведува во анализата „Глобалната економија во сенка на војната“.

    Покрај овие два критични минерала, од ММФ нагласуваат дека големи предизвици има и со ретките земни елементи, па ги повикуваат владите да промовираат комплементарни структурни реформи што би ги поедноставиле дозволите за рударство и би поттикнале инвестиции во металургијата.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа

    19.09.2026 во 11:38

    Мицкоски: Дата центрите се иднината, но постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

    19.09.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.