Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Младите во фокусот на Европската ноќ на истражувачите 2026 – Јаневска на настанот

    Младите во фокусот на Европската ноќ на истражувачите 2026 – Јаневска на настанот

    25.09.2026 во 08:111 Min Read
    Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ќе присуствува на настан во рамки на програмата за одбележување на Европската ноќ на истражувачите 2026.

    Настанот ќе се одржи во 12 часот на Машинскиот факултет во Скопје, а е поддржан преку акциите „Марија Склодовска-Кири“ од програмата „Хоризонт Европа“, информира Министерството за образование и наука.

    Од МОН посочуваат дека Северна Македонија се приклучува кон одбележувањето на Европската ноќ на истражувачите на иницијатива на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и Македонската академија на науките и уметностите, со поддршка од Министерството за образование и наука.

    Во рамки на настанот ќе бидат организирани повеќе работилници, лабораториски посети, презентации и изложби на студентски и научноистражувачки проекти, како и други интерактивни активности.

    Европската ноќ на истражувачите има цел да ја доближи науката и истражувачката работа до јавноста, особено до младите, преку непосредно запознавање со научните и истражувачките активности.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.