Close Menu
Press24
    Најново

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01

    По 25 години – нов етички кодекс за новинарите

    07.07.2026 во 22:44

    Фредериксен: Гренланд не е на продажба

    07.07.2026 во 22:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
    • По 25 години – нов етички кодекс за новинарите
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Нова дигитална алатка: „Where Are You“ пристигнува за граѓаните
    • Во четврток почнува судскиот процес за серискиот убиец од Старо Нагоричане
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Митрески: Власта удри по наставниците, ама не се откажува од своите луксузи и привилегии

    Митрески: Власта удри по наставниците, ама не се откажува од своите луксузи и привилегии

    26.06.2026 во 19:575 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеникот на СДСМ, Јован Митрески, во собраниската расправа за измените на законите за основното и средното образование порача дека најавената оптимизација во образованието не смее да се спроведува на сметка на наставниците. Тој предупреди дека илјадници просветни работници се соочуваат со неизвесност за своите работни места, додека Владата не покажува подготвеност да ги намали сопствените трошоци и привилегии. Митрески порача дека доколку навистина постои потреба од оптимизација, таа треба да започне од институциите, а не од оние што ја образуваат и воспитуваат иднината на државата.


    Во продолжение е интегралното обраќање на пратеникот Јован Митрески:


    „Не ми се верува колку лесно поминуваме една тема за едни луѓе кои што не се многу важни, туку се најважни во општеството и во нашата држава. Значи зборуваме и за учителите и за наставниците и за професорите кои што нивната професија не е само професија. Значи тоа што го работат не е само професија. Тие и воспитуваат и образуваат и инспирираат и креираат иднина. А ние овие два закони денес ќе ги поминиме во полупразна сала.

    Зборуваме за нивната иднина, вака лесно со надмудрување кој што правел, не знам кога правел. Денес зборуваме за последици од проблем кој што има минато. Денес ако зборуваме дека бројот на нашите граѓани, на населението се намалува, на учениците се намалува, тоа што треба да кажеме дека наставниците се кривица. Нив ќе ги бркаме. Професорите се криви. Нив ќе ги бркаме. Ние прво треба да кажеме дека ние сме криви. Ние овде што седиме, ние сме криви за тоа што бројот на население се намалува и за бројот на ученици се намалува. И криви се и тие пред нас. И криви сме 30 години што дозволивме бројот на население да се намалува и бројот на ученици да се намалува.

    И сега на кого да удриме? Ќе удриме на наставниците и професорите. Јас не би сакал да ги нападнам колешките пратеници потписници на овој закон, се случувало и во минатото, да не ме разберат погрешно. Јас знам дека иделе министрите, го носеле законот, потпишете го, пуштете го во процедура. Се случувало и во минатото. Меѓутоа ве повикувам да размислите добро затоа што гледам дека три од шесте потписници се просветни работници. Знаете, треба да се вратите кај нив да ги погледнете во очи. А знаете дека ова што го зборувам е така. Образовни асистенти една година, ако нема во пензија, следна година дома. 2.000 ќе се пензионираат во следните пет години, а 6.000 имаат проблем. Значи тоа е вистината и треба да ја кажеме, тоа е вистината со име и презиме.

    И ако даваме примери за оптимизација, ако сакаме да правиме оптимизација во државата треба да почнеме од себе, ние да дадеме пример. 30 министри има оваа Влада, 30 секретарки, 30 шофери, 30 кабинети, 30 заменици министри има оваа Влада, 30 секретарки, 30 кабинети, шофери итн. 30 државни секретари има оваа Влада. 30 секретарки, 30 шофери, возила, кабинети.

    Ајде прво да скратиме таму, да кажеме дека ние правиме, се намалил бројот на население, кратиме, оптимизираме, правиме ефикасност. Од себе да почнеме. Еве да пуштиме промена на Устав, да речеме ова Собрание нема да е 120, 90 нека биде. Ние да го покажеме примерот. На кого ќе удриме? На просветните работници, на тие што образуваат, на тие што воспитуваат, на тие што ја креираат иднината на оваа држава.

    Знаете една изјава, да не бидам сфатен саркастично, оваа голема јака наша држава, на оваа голема наша јака држава ѝ е потребен нов владин авион. Не ли ви е срам малку кога ќе се каже тоа – нов владин авион, а сега велите треба да ги избркаме наставниците од работа. Два месеци човек министер не одеше на работа. Два месеци еден да дојдеше да речеше два месеци зема плата, дај да го разрешиме. На кого ќе удриме? На наставниците. Малку од малку треба да имаме обзир. Ова нашево овде ќе заврши. Треба да излеземе и да се вратиме. Знам дека е проблем. Знам дека бројот на ученици се намалува.

    Дајте да покачиме блок-дотации, бидејќи предвидувате и во законот, во овој закон се предвидува дека општините може да ги зголемуваат блок-дотациите и за плати. Па зошто тогаш да пишува во вториот член дека согласност дава министерката за образование? Зошто е пишува? Ако општините го прават тоа, па нека носат советите одлуки за паралелки со помал број ученици, ама не да ги оттурнеме советите и градоначалниците, еден да биде крив. Не знаеме, ние сакаме сѐ супер, ама таа министерката или следниот тој не дава согласност. Таа е вистината.

    Ќе ги казниме директорите 300 евра, ако така пишува во вашиот закон, овој сега што е на дневен ред, ако формираат паралелка без согласност. Па не може да формираат, како ќе ги платат? Ама знаете зошто? За кога ќе одат да ги погледнат тие што треба да им кажат директорите да им потпишат да си одат дома, треба да им речат: знаете нема што да правиме, казни има, за ова одговарам. Па нормално дека не може да формираат паралелка со помал број ако немаат согласност. Тоа претходно што пишуваше мислење, сега го правиме да пишува согласност.

    Ако продолжиме вака, сите, значи сите заедно ако продолжиме вака, ви кажувам и сега ние и претходните што биле овде и тие пред нив, 30 години, причина за оваа последица, сега ова што вие сакате да го решавате не може да се реши.

    Има една изјава на министерката којашто вели училиштата ќе ги претвориме во старечки домови. Да знаете, таа изгледа најточната изјава ако продолжите вака да се однесувате и вака да ги решавате овие проблеми. Училиштата ќе ги претвориме во старечки домови затоа што во оваа држава ќе останат да живеат само пензионери.“

    Прочитај повеќе

    Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството

    07.07.2026 во 22:02

    Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите

    07.07.2026 во 21:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.