Митрески: СДСМ и претседателот Зоран Заев покажаа демократски капацитет

 

Добро е што ВМРО-ДПМНЕ прифати да учествува на изборите и што го затворивме ова прашање, бидејќи неопходно е да ги вратиме функционалните институции пред се поради здравствената криза и очекуваниот пик наесен, истакна еден од носителите на кандидатската листа на СДСМ во изборната единица 5, Јован Митрески.

-Ако се вратиме наназад од периодот кај лидерските средби кај претседателот Пендаровски знаете дека имаше изјави на лидерот на ДПМНЕ, Мицкоски дека треба да има избори на 23 август, па треба да има на 30 август и 13 септември. Потоа имаше изјави дека не може да се зборува за датум за избори затоа што постои здравствената криза затоа што има голем број на заболени за вчера да слушнеме на прес конференција дека постојат некои услови кои треба да се исполнат за да се договори датум на избори. Денес слушаме дека датумот е договорен и тоа е 15 јули и наводно се исполнети двата услови кои што ВМРО-ДПМНЕ ги бара. Тие два услови се учеството на ОБСЕ И ОДИХР и втората работа е дека ДИК да ги утврди протоколите, а сите знаат дека комисијата за заразни болести ги прати тие протоколи десет дена пред да бидат објавени како услов, рече Митрески.

Сепак, вели дека му е мило што опозицијата ќе учествува на изборите, додавајќи дека не разбира која е разликата од 10 дена која опозицијата ја бараше за одржување на изборите.

-Неопходно е во земјата што побрзо да заврши оваа агонија и да имаме политички легитимна влада, која ќе преземе одговорност, и функционални институции, а не како што е сега со техничката влада кога техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев решил да не ги казнува граѓаните за непочитување на мерките за заштита на здравјето, а заменик министерката за финансии одбива да потпише заем од СБ наменет за опремување на здравствените установи и помош на социјално ранливите категории, порача Митрески.

Вели дека СДСМ и Зоран Заев покажале демократски капацитет за инклузивност.

обро е што конечно Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ собра храброст са излезе на избори на 15 јули, и се надевам дека ВМРО-ДПМНЕ нема повторно да бега, крајно време е да се вратат институциите во полн капацитет, бидејќи според СЗО се наѕира втор пик во септември и само на овој начин државата ќе биде поподготвена, порача Јован Митрески.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.06.2020 - 21:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега