Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап

    21.09.2026 во 10:57

    Судењето за пожарот во „Пулс“ почна одново: 13 полицајци повторно пред Судот

    21.09.2026 во 10:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Утре ќе нема струја до 15 часот – електродистрибуција најави исклучувања во повеќе скопски општини
    • Гласајте до 27 септември и изберете каква промена сакате да поддржите преку „Иднина која инспирира“ на dm
    • Серафимовска-Борозан: Нова зделка од 13,2 милиони евра за броила, сомнежи за поврзаност со министерката Божиновска
    • Тошковски ја отвори заедничката обука на САЕ „Тигар“ и францускиот РАИД: Вложувањето во знаење е пат кон модерна полиција
    • Паднаа пет лица кај Суви Лаки: Полицијата заплени марихуана во возило
    • Обвинителството со детали за кобниот викенд: Наредени обдукции и вештачења за сообраќајните несреќи кај Куманово и Битола
    • Одбележани 15 години мировно образование: Државниот секретар Ивановска порача дека мирот е избор и има највисока вредност
    • (ФОТО) Здравствено досие на интернет за секој граѓанин: Пациентите добиваат директен пристап до податоците преку „Мое здравје“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Митрески: До кога владата ќе си игра мајтап со работниците?

    Митрески: До кога владата ќе си игра мајтап со работниците?

    25.12.2025 во 18:524 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеникот на СДСМ, Јован Митрески, на денешната седница посветена на пратенички прашања упати две прашања до министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, а се однесуваа на минималната плата за која владата не сака да даде конкретни одговори, а е најниска во регионот, како и за високите цени за кои граѓаните не се задоволни, па дури одат и во соседни земји да пазарат.

    „Двете прашања се поврзани со минималната плата и со цените на артиклите. Јас знам дека денес дававте одговори, ги следам вашите изјави, вашите прес-конференции, секако и изјавите на премиерот. Некако кога се зборува за минималната плата и она што го давате како одговор создава впечаток во јавноста дека владата не сака да даде конкретни одговори.

    Зошто ова го кажав: претходно, во однос на износот на минималната плата, се кажа и денес дека не е најниска и дека се прави погрешна споредба со другите земји од соседството, дека наводно таму е бруто, а кај нас нето-плата.

    Не е точно. Правиме споредба помеѓу нето минималната плата кај нас и нето минималната плата во соседството и за жал дојдовме да сме на најниско ниво.

    Повисока минимална плата од нас имаат дури и некои земји кои се формираа како независни пред само неколку години. До тоа ниво сме стигнале.

    Се разбира, користејќи ПР-изјави, продолжувате да кажувате дека ’и ние сме за повисока минимална плата, не само 500.000 евра, и илјада евра нека е, јас сум и за 2.000 евра‘, ама да се договорат работниците и работодавачите“, тоа во превод звучи како да кажете „што да се договорат волкот и јарето што вечер да вечераат“.

    Така би изгледало како да треба тие сами да се договорат. Се дојде до ситуација да треба да се договори помеѓу чеканот и наковалната – тие што ги даваат платите и оние што треба да ги примаат.

    Едно образложение кое држи вода, кое го давате како министер за економија, е дека треба да се договорат затоа што може да дојде до отпуштања на работници или затворање на компании. Да ја изгубат работниците не само платата, туку и својата работа.

    Но имам еден ваш владин документ каде што стои дека фирмите во 2025 година ќе остварат добивка од 4,3 милијарди евра.

    Сега, која е очекувањето или вашето објаснување дека фирмите може да не исплаќаат плата или да не можат да го издржат трошокот, ако од друга страна ќе остварат 4,3 милијарди евра добивка?

    Моето прво конкретно прашање е: почитуван министер, до кога ќе играте мајтап со работниците?

    Ако чекаме на договор помеѓу работниците и работодавачите, тој договор никогаш нема да се случи.

    Не случајно тој дијалог е наречен трипартитен, за да биде вклучена владата. Мислам дека не е коректно да се кажува „сите сме за поголеми плати, не 500, илјада две илјади, ама нека се договараат тие. Волкот и јагнето, почитуван министер никогаш нема да се договорат. Затоа го поставувам тоа прашање, за играње мајтап со работниците. Како и со потпрашање на тоа прашање, до кога ќе капитулирате пред оние кои трупаат богатства на грбот на работниците.

    Второто прашање е поврзано со цените исто така од аспект на остварување на добивка од 4,3 милијарди евра, гледајќи ги цените кои реално се на пазарот. Значи заработуваат толку за да остварат 4,3 милијарди добивка, а велиме дека ги решаваме проблемите дека не знам што се случува, а граѓаните се задоволни. Очигледно, никој не оди во продавница да види што е тоа што се случува. Сега проблем е што граѓаните не се задоволни, па дури одат и во соседни земји да пазарат.

    На пример, во Тирана, во трговските маркети имаат сè се таблици на македонски, а кај нас реалноста е поинаква.

    Прашањето е до министерот за економија: имаме ситуација откупот на млеко да биде од 29-31 денар за домашните млекари. Истите млекари продаваат литар млеко во маркет за 85 денари.

    Фактички, ем земјоделците не се задоволни поради тоа што се случува, ем граѓаните плаќаат висока цена за готов производ во маркетите. Значи остваруваат некој екстра профит.

    Поднесовме закони како опозиција, кои мислевме дека ќе придонесат за намалување на цените, но тие не беа прифатени. 

    Поднесовме мерки кои биле ветени во програмата, пред избори и тие не беа прифатени. Кажавте дека ќе се донесат кошнички. Донесовте, божиќна, велигденска, рамазанска, училишна. Денес имате изјави дека тие мерки не дале резултати, па моето прашање е: што ќе преземете за ова да не биде на штета на граѓаните, како што е со минималната плата на штета на работниците?“, порача Митрески.

    Прочитај повеќе

    Серафимовска-Борозан: Нова зделка од 13,2 милиони евра за броила, сомнежи за поврзаност со министерката Божиновска

    21.09.2026 во 14:10

    Петрушевски: Филипче сака плати од 600 евра, а е против дата центри, рудници и нови работни места

    21.09.2026 во 12:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.