Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Митовски до опонентите: Кривопаланчанецот не се купува, кривопаланчанецот работи, гради и верува

    Митовски до опонентите: Кривопаланчанецот не се купува, кривопаланчанецот работи, гради и верува

    17.10.2025 во 20:122 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кандидатот за градоначалник од СДСМ, Сашко Митовски, на трибина во Крива Паланка побара поддршка од граѓаните за уште еден мандат, повикувајќи се на својата досегашна работа, посветеност и љубов кон градот.

    „Последниве четири години беа повеќе од мандат. Секој што доаѓа во нашиот град вели: „Крива Паланка блеска! И нема запирање. Нашиот град денес е пример за уреден, изграден и развиен град кој сигурно чекори напред.  Нови улици, нови фасади, модерни училишта, детски градинки, зелени паркови, поддршка за мајки, пензионери, ученици, спортисти, порача Митовски.

    Тој упати и критика до своите опоненти, за кои рече, се служат со притисоци и невистини: „Некои мислат дека со лаги ќе нè победат. Дека со притисоци ќе нè скршат. Но една работа не ја разбраа: Народот не се плаши.  Кривопаланчанецот не се купува.  Кривопаланчанецот работи, гради и верува, порача Митовски.

    Тој истакна дека неговата кандидатура не е барање за позиција, туку продолжување на започнатата работа.

    „Ветувам само едно, ќе продолжам со истата љубов, со истиот жар, со иста чесност. Со работа и одговорност. Барам можност да продолжам каде што застанав.“, додаде кандидатот за градоначалник на Крива Паланка.

    Митовски ја претстави својата визија за нов мандат со конкретни планови и симболична порака: Секој нов проект, секоја нова инвестиција е симбол на нашата решителност. Дајте ми можност новите улици да бидат реки на надеж, новите мостови да бидат раце што не држат заедно, а училиштата , очи и срце што чукаат за иднината.“, порача Митовски.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.