Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во емисијата За или против на телевизија Алфа, каде  се осврна на владините мерки за цените на горивата, за што истакна дека кога станува збор за криза со енергенси, неопходно е да се води сметка за целокупната стабилност. Митева напомена дека е горда на Владата, затоа што, како што вели таа, навистина покажала повисоко ниво на одговорност и справување со кризата.

,,Владата уште пред две недели имаше вондредна владина седница, на која што тогаш ја донесе онаа првична мерка за намалување на ДДВ од 18% на 10%. Секојдневно неколку пати во денот се одржуваа и состаноци и координации по однос на оваа тема, се со цел да ги следиме активно состојбите, за да дојдеме до конкретни мерки коишто директно ќе помогнат на граѓаните“, вели Митева.

Како што вели таа, Владата превенирала дополнителни ценовни шокови, што и покрај непредвидливоста на ситуацијата, има јасен план за справување со кризата.

,,Така беше и оваа недела, по истекување на тие две недели, повторно на владина седница се донесоа нови мерки, со кои што се продолжи онаа прва мерка за намалување на ДДВ и воедно се донесе и намалување на акцизата, со што ние превениравме дополнителни ценовни шокови, односно поскапување на горивата со оваа одлука која што денеска ја имаше Регулаторната комисија за енергетика. Состојбата е навистина непредидлива, се менува од ден за ден, ги следиме цените на берзите, но сме Влада која што навистина има план како да се справи со оваа ситуација“, рече Митева.

Exit mobile version