Close Menu
Press24
    Најново

    Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет

    09.06.2026 во 23:50

    Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“

    09.06.2026 во 23:46

    Овие три хороскопски знаци ќе пливаат во богатство до крајот на летото

    09.06.2026 во 23:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет
    • Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“
    • Овие три хороскопски знаци ќе пливаат во богатство до крајот на летото
    • ЕУ подготвува шок-правила за Балканот: Германија и Франција бараат новите членки привремено да немаат право на глас
    • Украинците ги засилуваат нападите на Крим: Ова е нивната главна цел втора ноќ по ред
    • Хаос во Белфаст: Запален автобус и брутални антиимигрантски немири по крвавиот напад со нож
    • Филмска измама во Канада: Пилот летал патнички авиони 17 години без дозвола на над 900 летови
    • Нова експлозија на автомобил-бомба во близина на Москва: Загина маж, се сомнева дека е висок офицер
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Митева: Членството на СДС не се идентификува со лидерот на партијата

    Митева: Членството на СДС не се идентификува со лидерот на партијата

    09.05.2026 во 11:013 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во Радар подкаст, каде говореше на темата за политичко лидерство, за што вели дека довербата во еден политички лидер се гради преку конзистентноста на ставовите, посветената работа и резултатите што ги постигнува. Според неа, разликата меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на СДС е очигледна токму во овие аспекти. Таа додаде дека лидерот на СДС и самата партија има недоволна поддршка од членството, поради начинот на комуникација, променливите ставови.

    ,,Трите работи по кои што се идентификува граѓанинот со лидерот на политичката партија се конзистентностна ставови, работа, посветеност и резултати од таа работа. Конзистентноста на работите која што ја кажува еден лидер, работата согласно тие ставови кои што ги има и резултатите кои што ги даваат се, за мене, навистина еден клучен сегмент, зошто би ја имал еден лидер довербата“, вели Митева.

    Таа рече дека ако се споредат Христијан Мицкоски и Венко Филипче во однос на конзистентноста на нивните ставови, разликата е јасно видлива и може да се согледа преку повеќе параметри и индикатори.

    ,,Од начин на водење на сопствената партија, од наназад начин на водење на институциите, додека бил во рамки на извршната власт, од рамки на комуникацијата која што ја има со новинарите, со медиумите, коишто за мене, како личност која што работи во таа сфера, со тие луѓе, е навистина непримерна, зачудувачка и нејасна од многу страни“, рече Митева и додаде:

    ,,Не можете вие поради интересот на јавноста и поради тоа што не ви се допаѓаат нечии ставови или прашања, да имате бурен и несоодветен однос. Од промената на ставовите по однос на едно или друго прашање, од немањето консолидација во самата пратеника група, каде што и самиот е дел од таа пратеничка група на сопствената политичка партија“.

    Според неа, можат да се забележат различни состојби кои се случуваат во моментов кај опозицијата, а кои ги нема во лидерството на ВМРО-ДПМНЕ и актуелниот претседател.

    ,,Клучна е разликата по овие работи и мислам дека е многу јасен феноменот,  каде што Венко има понизок рејтинг од својата партија е фактот, каде што ние гледаме дека идеолошки луѓето и што се членови, симпатизери, кои што ја поддржуваат таа идеологија, социјалдемократијата, не се идентификуваат со начинот на којшто лидерот ја води партијата или политиките кои што ги презема. И можеме ние да го видиме, низ дневни преписки кои што ги имаат, дневни лоши состојби кои што се случуваат, откажувањата на конгресите неколку пати во нивната партија. Има таму големи турбуленции, но за жал, нема човек којшто тоа може д аго види или пак многу поверојатно тој човек го гледа тоа, но инсистира на уништување на својата политичка партија за зачувување на тоа лидерско столче, кое што не му се напушта“, заклучи Митева.

    Прочитај повеќе

    Силјановска Давкова на прием во Британската амбасада: Обединетото Кралство е наш стратешки партнер

    09.06.2026 во 22:17

    Цаневска-Арсовска до Ѓеорѓиевски: Каде завршија ветувањата за чисто Скопје и кој ги одобрува спорните директорски функции?

    09.06.2026 во 14:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.