Close Menu
Press24
    Најново

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки

    28.10.2026 во 20:18

    Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога

    28.10.2026 во 20:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
    • Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мисајловски од Брисел: Масовно инвестираме во одбраната – видлива е разликата

    Мисајловски од Брисел: Масовно инвестираме во одбраната – видлива е разликата

    18.06.2026 во 13:112 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Силно сме посветени на развојот на националните одбранбени капацитети кои се составен дел од колективната одбрана на Алијансата. Тоа е евидентно преку инвестициите во одбраната, но и преку процесот на модернизација и опремување кој е видлив со секој изминат ден“, потенцираше  министерот за одбрана Владо Мисајловски на денеска одржаниот состанок на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел.

    Министерот Мисајловски истакна дека државата одвојува рекордни средства за одбраната, кои се инвестираат ефикасно и ефективно во процесот на опремување и модернизација со цел исполнувањето на НАТО – Целите на способности согласно предвидената динамика.

    „Нашата држава прави исчекор во развојот на капацитетите“, истакна Мисајловски, укажувајќи на тоа дека само изминатата година во земјата веќе е пристигната значајна опрема, која паралелно со развојот на човечкиот капацитет овозможи армиската Лесна пешадиска баталјонска група, да биде оценета како „борбено способна за извршување на својата мисија“, согласно сите НАТО – стандарди.

    На маргините на состанокот, министерот Мисајловски разговараше со повеќето колеги, а имаше и средба со грчкиот министер за национална одбрана, Николаос Дендиас, на која се разговараше за заедничката стратешка определба, мирен и стабилен регион и силна колективна одбрана.

    На средбата беше истакната отворената, непосредна и искрена комуникација која придонесува за континуиран раст на одбранбената соработка, за што е потврда меѓусебната посветеност и значајната реализација на годишниот план за одбранбена соработка.

    Мисајловски на средбата додаде дека со инвестициите кои во моментов се прават во одбраната и безбедноста, како и силното инвестирање во транспортната мрежа на коридорите 8 и 10 се овозможува поцврста одбрана и поголема безбедност за граѓаните на двете земји.

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки

    28.10.2026 во 20:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.