Мирно во Тетово: Нема пријави за притисоци врз штрајкувачите

И во основни и средни училишта во Тетово денес штрајкуваат членовите на Синдикатот за образование, наука и култура.

Претседателот на Регионалната единица на СОНК од Тетово, Зоран Грковски, вели дека поддршка добиле и од другите просветни работници, кои потпишале изјава за солидарност. Притисок врз вработените бил пријавен само во едно училиште, пренесува ТВ Телма.

Утрово поголем дел од учениците пристигнаа на училиште, а наставниците и професорите кои штрајкуваат беа во посебна просторија.

11.04.2022 - 12:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега