Министри: Зголемување на трошоците за одбрана „клучна точка“ за самитот на НАТО во јуни

 

Притисокот за зголемени трошоци за одбрана меѓу членките на НАТО ќе биде клучна точка на претстојниот самит што ќе се одржи оваа година во јуни, изјавија денеска министрите за одбрана на балтичките земји.

Холандските, естонските, латвиските и литванските колеги се состанаа во Хаг за да ги координираат „клучните“ теми пред собирот на 32-те земји-членки во јуни и да ја зајакнат соработката долж источното крило на алијансата со Русија.

-За претстојниот самит на НАТО во Хаг ние (Литванија) се залагаме дека три проценти од БДП за инвестиции се крајна линија, рече министерката за одбрана Довиле Сакалиен.

-И тоа треба да биде крајна линија за сите“.
Самитот на НАТО во Хаг „може да биде историски… и веќе ги видовме и слушнавме пораките што доаѓаат од новоизбраниот претседател Трамп, додаде естонскиот министер за одбрана Хано Певкур.

-Не е важно каков конечен договор или одлука ќе биде донесена во Хаг. Сите разбираме дека два отсто не се доволни, рече тој.

Алијансата во 2023 година постави минимално ниво за трошоци за одбрана од два отсто од бруто домашниот производ, а руската војна во Украина го потресе НАТО да го зајакне своето источно крило и да ги зголеми трошоците.

Новиот американски претседател Доналд Трамп минатата недела рече дека сака членките на блокот да ги зголемат трошоците на пет отсто од БДП. И шефот на НАТО Марк Руте минатиот месец повика на зголемување, дека – „ќе ни требаат многу повеќе од два отсто“.

Холандскиот министер за надворешни работи Рубен Брекелманс, кој беше домаќин на состанокот, рече дека сепак е лесно да се „именува процент“, но таа бројка може да биде потешко да се постигне.

„-Со оглед на тоа што руската закана е толку неизбежна, не се работи само за одредување процент, бидејќи тоа е лесно, рече Брекелманс.

Брекелманс рече дека очекува „вистинските“ разговори околу одбранбените норми да се случат само во последните месеци и недели пред самитот.

Најмалку 23 земји на НАТО минатата година ја постигнаа целта на НАТО од два отсто.

15.01.2025 - 20:46

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега