Close Menu
Press24
    Најново

    Русија или ЕУ: Србија мора да избере, порача Марта Кос

    28.10.2026 во 11:01

    Македонија бара посилна поддршка од СЗО – Клековски со средби со меѓународни претставници

    28.10.2026 во 10:48

    Се судрија два брзи возови, најмалку 39 загинати – Трагедија ја потресе Шпанија

    28.10.2026 во 10:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Русија или ЕУ: Србија мора да избере, порача Марта Кос
    • Македонија бара посилна поддршка од СЗО – Клековски со средби со меѓународни претставници
    • Се судрија два брзи возови, најмалку 39 загинати – Трагедија ја потресе Шпанија
    • Од понеделник нови броеви на банкарските сметки на сите граѓани – се што треба да знаете
    • Лоши вести: Цената на нафтата расте
    • Загрижувачки резултати од бесплатните прегледи во Скопје: Секој трет со покачен притисок
    • Силна експлозија го потресе Белград: Испукало стаклото на прозорците, има сомнежи за фрлена бомба
    • Разлики во температурите низ земјава: УХМР со податоци од 10 часот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Министерството за локална самоуправа обезбеди 50.000 литри вода за пиење за Гостивар

    Министерството за локална самоуправа обезбеди 50.000 литри вода за пиење за Гостивар

    22.07.2026 во 15:411 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за локална самоуправа (МЛС) обезбеди итна донација од 50.000 литри вода за пиење за жителите на Општина Гостивар, како дел од координираниот одговор на кризата со водоснабдувањето.

    Денеска во Гостивар веќе пристигна првиот од двата предвидени камиони со почетните количини бесплатна вода за населението.

    Поводот за брзата институционална реакција го објасни министерот за локална самоуправа, Иван Стоилковиќ:

    „Во моменти кога граѓаните се соочуваат со сериозни предизвици реагираме брзо, одговорно и солидарно. Со оваа донација даваме конкретен придонес во надминувањето на состојбата и испраќаме јасна порака: институциите се рамо до рамо со граѓаните секогаш кога тоа е потребно“, изјави Стоилковиќ.

    Од ресорното министерство наведуваат дека целта на испораката е директно задоволување на основните потреби на граѓаните додека важат препораките на надлежните служби.

    Теренските активности и состојбата во Гостивар постојано се следат во координација со сите релевантни институции.

    Во однос на поддршката за општините во вонредни услови, од МЛС истакнуваат:

    „Со оваа брза и конкретна акција, Министерството за локална самоуправа уште еднаш ја потврдува својата улога на сигурен партнер на сите општини – подготвено, навремено и одлучно да реагира преку институционална поддршка и директен ангажман во надминување на сите вонредни предизвици.“

    Прочитај повеќе

    Македонија бара посилна поддршка од СЗО – Клековски со средби со меѓународни претставници

    28.10.2026 во 10:48

    Загрижувачки резултати од бесплатните прегледи во Скопје: Секој трет со покачен притисок

    28.10.2026 во 10:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.