На 20.08.2026 година (четврток) во 11:00 часот во Министерството за финансии ќе биде потпишан Меморандум за соработка помеѓу Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија.

Меморандумот ќе го потпишат министерката за финансии Гордана Димитриеска- Кочоска и главниот државен ревизор Максим Ацевски.

Целта на Меморандумот е унапредување на соработката помеѓу двете институции, афирмација на областите од заеднички интерес, зајакнување на меѓусебните институционални врски и разменување искуства, знаења и податоци.

Exit mobile version