Гостувајќи во подкастот „Happy Sad Confused“, актерот Метју Меконахи зборуваше за тоа колку одредени филмови можат да влијаат врз начинот на кој луѓето го доживуваат. Како пример го наведе филмот „The Lincoln Lawyer“ („Адвокатот од Линколн“), кој, според неговите зборови, веќе му помогнал да избегне неколку сообраќајни казни во Кливленд.
„Ме извлече од неколку сообраќајни казни во Кливленд“, изјави Меконахи.
Сепак, многу поинтересна случка му се случила на границата со Мексико. Актерот раскажа дека еднаш бил запрен од полицајци додека влегувал во земјата. Ситуацијата во тој момент не му изгледала особено поволна, па се обидел да најде начин да го сврти разговорот во друга насока.
Тогаш му паднал на памет филмот „The Wedding Planner“ („Непланирана свадба“), романтичната комедија од 2001 година во која ја игра главната машка улога покрај Џенифер Лопез.
„Ситуацијата стануваше сè позатегната, а потоа реков: „Ја познавате ли Џенифер Лопез? Го гледавте ли The Wedding Planner?“ А потоа реков: „Да, тоа бев јас““, се присетил актерот.
Неговиот потег очигледно имал ефект. Полицајците, како што раскажал, ја препознале врската со филмот и целосно го промениле расположението
„Заминаа, а на крајот дури се фотографиравме заедно и ме пуштија да продолжам“, раскажал Меконахи.
Во филмот „The Wedding Planner“, Меконахи го толкува докторот Стив Едисон, маж кој се подготвува за брак, но во меѓувреме се вљубува во организаторката на својата свадба, Мери Фиоре, која ја игра Џенифер Лопез.
Иако филмот со текот на годините стекна голем број обожаватели, самиот Меконахи нема особено високо мислење за ова остварување кога го споредува со другите романтични комедии во кои глумел. Во едно свое претходно телевизиско гостување, токму овој филм го ставил на последното место меѓу романтичните комедии од тој период во кои настапувал.


