Close Menu
Press24
    Најново

    Серија апсења во Скопје

    04.08.2026 во 16:42

    Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на сопругот на италијанската министерка по повеќе од еден месец потрага

    04.08.2026 во 16:34

    Уапсена снаа од Кавадарци, се заканувала на свервата

    04.08.2026 во 16:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Серија апсења во Скопје
    • Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на сопругот на италијанската министерка по повеќе од еден месец потрага
    • Уапсена снаа од Кавадарци, се заканувала на свервата
    • Двајца македонски државјани прогласени за непожелни во Албанија
    • Инцидент во Петровец: Сосед ја натепал сосетката
    • Пукање на семејна веселба во Сарај: Пронајдени 23 чаури во дворот на 62-годишен скопјанец
    • Стружанец претепал дете на плажа – кривично ќе одговара
    • Се уште активен пожарот во кавадаречко, гори нискостеблеста шума
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Министерство за здравство: Реанимацијата на починатото новороденче била според протоколите

    Министерство за здравство: Реанимацијата на починатото новороденче била според протоколите

    26.12.2025 во 16:251 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Комисијата за стручен надзор, формирана од Министерството за здравство по повод смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК), констатираше дека медицинскиот персонал постапил согласно сите утврдени процедури. Според официјалното соопштение, реанимациската постапка е спроведена по протокол.

    Надзорот, кој вклучувал увид во медицинската документација, изјави од персоналот и обдукцискиот наод, утврдил дека се работи за предвремено родено бебе со сериозни здравствени компликации, вклучително и тешка инфекција и респираторни проблеми.

    И покрај итната антибиотска терапија и поставувањето на механичка вентилација по раѓањето, состојбата на новороденчето се влошила, што довело до фатален исход.

    „Комисијата, по извршениот надзор и врз основа на целокупната медицинска документација, исказите на медицинскиот персонал и обдукцискиот наод, заклучи дека се работи за предвремено новороденче, со тешка конатална инфекција, респираторен дистрес и нарушена белодробна функција поради незрелото белодробие и инфламаторен процес во рамки на инфекција, со наод на спонтан, парцијален пнеумоторакс, радиолошки верифициран во првите часови по раѓањето“, соопшти ресорното Министерство.

    Прочитај повеќе

    Серија апсења во Скопје

    04.08.2026 во 16:42

    Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на сопругот на италијанската министерка по повеќе од еден месец потрага

    04.08.2026 во 16:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.