Close Menu
Press24
    Најново

    Министерство за транспорт: Инспекторатот ќе отстрани нелегален објект во старото градско јадро на Охрид

    26.06.2026 во 19:31

    Притвор за македонскиот државјанин кој уби жена на Крит

    26.06.2026 во 18:48

    Иран и САД воспоставија комуникациска линија во Ормуската Теснина

    26.06.2026 во 18:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Министерство за транспорт: Инспекторатот ќе отстрани нелегален објект во старото градско јадро на Охрид
    • Притвор за македонскиот државјанин кој уби жена на Крит
    • Иран и САД воспоставија комуникациска линија во Ормуската Теснина
    • Лукаревска: Јаневска ќе отпушта наставници
    • Талески: Оптимизацијата на ВМРО значи затворање училишта, отпуштања наставници и нови тендери
    • Средба Муцунски – Кајзер: Владата останува посветена на реформите и европскиот пат
    • Николова: Оптимизацијата на Јаневска значи отпуштања наставници и гасење на руралните средини
    • Собранието ги донесе законите за судска служба и за јавнообвинителска служба
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Министерство за транспорт: Инспекторатот ќе отстрани нелегален објект во старото градско јадро на Охрид

    Министерство за транспорт: Инспекторатот ќе отстрани нелегален објект во старото градско јадро на Охрид

    26.06.2026 во 19:312 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам (ДИГУ) ќе спроведе присилно административно отстранување на бесправен објект во старото градско јадро на Охрид, откако при вонреден инспекциски надзор било утврдено дека не е постапено по претходно донесеното решение за негово уривање.

    -По информации добиени од јавноста, денеска државен инспектор од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, излезе на терен и направи вонреден контролен инспекциски надзор над објект на КП -15972, КО Охрид 3, во Старото градско јадро во Охрид. При инспекцискиот надзор утвредено е дека и покрај претходно донесеното решение од страна на ДИГУ за отстранување на објектот, по истото не е постапено. Согласно наодот на државниот инспектор, ДИГУ ќе донесе налог за присилно административно отстранување на објектот согласно позитивните законски прописи, соопшти Министерството за транспорт.

    Од Министерството потенцираат дека ќе останат силно посветени на борбата против нелегалните објекти, доследно и без исклучоци, насекаде низ државата.

    -Законот за градење важи подеднакаво за сите и нема да има селективна примена – нагласува Министерството за транспорт.

    Во соопштението се истакнува дека нема да се дозволи дивеење со бесправната градба и узурпација на јавното добро.

    – Продолжуваме со одлучна и неселективна борба против нелегалните објекти со единствена цел, да воспоставиме ред и да го зачуваме јавниот интерес и простор – велат од Министерството за транспорт.

    Прочитај повеќе

    Притвор за македонскиот државјанин кој уби жена на Крит

    26.06.2026 во 18:48

    Лукаревска: Јаневска ќе отпушта наставници

    26.06.2026 во 18:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.