Close Menu
Press24
    Најново

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50

    Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења

    02.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово
    • Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си
    • Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења
    • Берово: Четиригодишно девојче итно пренесено во болница откако проголтало капсула за перење
    • Драма во Охрид: По расправија за паркинг, 73-годишник вперил пиштол кон скопјанец
    • Тошковски на Илинден од Пелинце: Да ја јакнеме државата и да ги негуваме вредностите што ни ги оставија илинденците и асномците
    • Змија влегла во куќа во струмичко – интервенирале пожарникарите
    • Гори кај Кванташки пазар – ЦУК со најнови детали
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Министерот за спорт најави формирање на фонд за подршка на клубовите

    Министерот за спорт најави формирање на фонд за подршка на клубовите

    25.09.2025 во 17:112 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за спорт Борко Ристовски најави формирање на фонд  од кој министерството ќе ги помага спортските клубови.

    Фондот ќе биде формиран после локалните избори, по што до крајот на годината средствата ќе бидат поделени таму кај што се најпотребни.

    Ристовски ова го кажа во Кочани, на градскиот стадион „Никола Мантов“, каде што се сретна со претставниците на спортските клубови од градот, со спортските работници и наставниците по физичко образование од основните и средните училишта.

    „Откако сум јас министер поделивме 20 милиони евра, директно за спортот, настрана од капиталните инвестиции. Доколку мене ме прашате, тоа се многу средства. Првата година понекаде прогледавме низ прсти. Но, понатаму ќе правиме селекција. Многу повеќе средства ќе добиваат оние што се навистина успешни, и оние што се во зачеток и се чесни. Тие секогаш ќе ја имаат нашата подршка“, нагласи министерот Ристовски.

    Тој за Кочани рече дека е спортски град и дека заслужува посебно внимание. Министерот за спорт смета дека во изминатите дваесетина години овој град, повеќе или помалку  бил ставан на маргините.

    „Како министерство, како држава и преку спортските федерации  на Кочани му стоиме на располагање. Ќе помогнеме во сето она што вие како спортски работници ќе го побарате, се разбира во рамките на можностите. Во таа насока ќе го направиме тој фонд, од кој ќе добиете средства со кои клубовите ќе ги задоволат барем основните потреби за работи“, најави Борко Ристовски.

    Министерството за спорт најави дека на терен директно ќе ги следи проблемите на општините и клубовите и ќе интервенира со помош каде што тоа е потребно.

    Прочитај повеќе

    На само 44 години почина поранешниот фудбалер на Реал Мадрид

    27.07.2026 во 23:40

    Укинат притворот на поранешниот претседател на ФФМ – Пуштен со гаранција

    24.07.2026 во 09:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.