Министерот Спасовски ја одложи најавената прес конференција

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ја одложи за половина час прес конференцијата која првично беше најавена во 14:30 часот. И Владата и Министерството за внатрешни работи првично ја закажаа прес конференцијата во 14:30 за што беше обезбеден посебен канал на зум платформата за 40 минути подоцна прес конференцијата да се презакаже за во 15:00 часот.
Во политичките кругови се најавува дека на оваа прес конференција Спасовски треба да поднесе оставка прифаќајќи ја одговорноста за бегството за Сашо Мијалков.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.02.2021 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега