Close Menu
Press24
    Најново

    Голема акција на МВР: Лишени од слобода 23 возачи, меѓу нив и малолетници

    10.06.2026 во 15:39

    Трагедија во скопско: Почина вработена во училиште во Црешево

    10.06.2026 во 15:06

    Муцунски од Софија: Македонија е заложник на некоректна блокада, за идентитетот и јазикот нема преговори

    10.06.2026 во 15:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Голема акција на МВР: Лишени од слобода 23 возачи, меѓу нив и малолетници
    • Трагедија во скопско: Почина вработена во училиште во Црешево
    • Муцунски од Софија: Македонија е заложник на некоректна блокада, за идентитетот и јазикот нема преговори
    • Започна исплатата на социјалната и детската заштита за мај
    • Талески: Трипуновски направи пустош во земјоделството, блокирани се 128 милиони евра европски средства
    • Силно невреме ја зафати Крива Паланка: УХМР предупредува на интензивен дожд и град
    • Силно невреме со град меѓу Скопје и Тетово, врнежи и во Крива Паланка
    • Кривична пријава за 23-годишен скопјанец по сообраќајната несреќа со смртни последици во Илинден
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Минчев во Рим ги претстави реформите што ја движат Македонија напред

    Минчев во Рим ги претстави реформите што ја движат Македонија напред

    19.11.2025 во 13:332 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, учествуваше на меѓународна конференција „Партнерство за реформи: Министерски дијалог Западен Балкан – Италија“, што се одржа во Рим, каде што имаше свое обраќање во рамките на министерскиот панел посветен на реформата на јавната администрација и европската интеграција.

    Настанот, организиран од Министерството за јавна администрација на Италија, Националната школа за администрација на Италија (SNA) и Регионалното училиште за јавна администрација (РеСПА), ги обедини министрите од регионот, високи претставници од европските институции и експерти од областа на јавната администрација. 

    На конференцијата се обратија италијанскиот министер за јавна администрација Паоло Зангрило, претседателката на Националната школа за администрација Паола Северино и директорката на РеСПА Маја Хаџиска-Трендафилова.

    Во своето обраќање, министерот Минчев ги претстави главните реформски приоритети на Владата во областа на јавната администрација и ја истакна стратешката насока на државата во процесот на европска интеграција.

    „Нашата цел е да изградиме ефикасна, професионална и транспарентна администрација што ќе биде вистински сервис на граѓаните и носител на европските вредности“, истакна министерот Минчев

    Министерот се осврна и на новата законска рамка за јавната служба, посочувајќи дека трите нови системски закони поставуваат темели за современ и европски модел на управување со човечките ресурси. 

    „Преку новите закони воспоставуваме мерит-систем заснован на професионалност, компетенции и интегритет. Нашата цел е администрација што ќе функционира според правила, а не според исклучоци“, потенцираше Минчев.

    Посебен акцент беше ставен на процесот за воспоставување на Законот за високата раководна служба. 

    „Со овој закон создадовме основа за професионален управувачки кадар избран според заслуги, а не според политичка припадност. Тоа е клучно за стабилно и континуирано функционирање на институциите“, додаде тој.

    Во однос на регионалната соработка, министерот истакна дека реформските процеси не можат да се спроведуваат изолирано и дека размената на искуства преку иницијативите на РеСПА претставува значаен поттик за унапредување на административните стандарди во регионот.

    Министерот Минчев на крајот нагласи дека јавната администрација треба да биде движечка сила на промените, нагласувајќи дека професионалноста и дигитализацијата се клучните механизми што ја зајакнуваат довербата и го поттикнуваат европскиот напредок. Тој порача дека Министерството ќе продолжи проактивно да ги спроведува реформите што ја подигнуваат ефикасноста, транспарентноста и одговорноста на институциите, со единствена цел,  администрација што вистински им служи на граѓаните и ја води државата напред кон Европската Унија.

    Прочитај повеќе

    Голема акција на МВР: Лишени од слобода 23 возачи, меѓу нив и малолетници

    10.06.2026 во 15:39

    Трагедија во скопско: Почина вработена во училиште во Црешево

    10.06.2026 во 15:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.