Close Menu
Press24
    Најново

    Минчев ја отвори вратата за граѓаните: Стартува новиот акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028

    02.04.2026 во 14:39

    „Алкалоид“ одликуван со плакета за најдолго котирано акционерско друштво на Македонската берза

    02.04.2026 во 14:34

    Инцидент во Идризово: Затвореници се претепале со тврди предмети, еден завршил со убодна рана на Клиника

    02.04.2026 во 14:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Минчев ја отвори вратата за граѓаните: Стартува новиот акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028
    • „Алкалоид“ одликуван со плакета за најдолго котирано акционерско друштво на Македонската берза
    • Инцидент во Идризово: Затвореници се претепале со тврди предмети, еден завршил со убодна рана на Клиника
    • Филмска измама во Велес: Се претставил како „скопски инспектор“ и му зел илјадници денари за лажна брендирана облека
    • Тројца пешаци прегазени во еден ден – тешко повреден маж и две жени
    • Ѓорѓиевси со сопругата донираа сензорна соба во градинката „8 Март“ за подобар развој на дечињата со аутизам
    • Савески за оставката на Ристоска дознал преку СМС порака: Одлуката за отповикување на овластувањата на обвинителката не беше персонална, туку е од организациска природа
    • Жерновски: Кој лаже, тој краде – Мицкоски свесно ја изолира Македонија за да ги полни џебовите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Минчев ја отвори вратата за граѓаните: Стартува новиот акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028

    Минчев ја отвори вратата за граѓаните: Стартува новиот акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028

    02.04.2026 во 14:393 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, се обрати на Конференцијата за отпочнување на процесот на ко-креирање на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028 (НАП7).

    Настанот го означи почетокот на новиот циклус на ко-креација на националниот акциски план во рамки на глобалната иницијатива Партнерство за отворена власт, со цел зајакнување на транспарентноста, отчетноста и учеството на јавноста во процесите на креирање политики.

    Во своето обраќање, министерот Минчев истакна дека Партнерството за отворена власт претставува значаен механизам за унапредување на демократското управување и за градење доверба меѓу институциите и граѓаните.

    „Партнерството за отворена власт претставува важен инструмент за унапредување на транспарентноста, отчетноста и учеството на јавноста во креирањето политики. Преку оваа иницијатива се создаваат предуслови за политики кои се поинклузивни, поефикасни и ориентирани кон реалните потреби на општеството“ истакна министерот Минчев.

    Тој нагласи дека суштината на процесот се темели на партнерство меѓу институциите и граѓанското општество, што овозможува заедничко дефинирање на реформските приоритети и градење одржливи политики.

    „Отворената власт не е цел сама по себе. Таа е средство за подобро управување, за поквалитетни политики и за институции кои работат во интерес на граѓаните. Нашата заедничка цел е да изградиме систем во кој транспарентноста, отчетноста и учеството ќе бидат стандард во работењето на институциите, а не исклучок“ нагласи министерот.

    На конференцијата се обрати и националната координаторка за Партнерство за отворена власт во Министерството за јавна администрација, Гордана Гапиќ Димитровска, Марина Димовска, генерална секретарка на Собранието на Република Северна Македонија, како и Данче Даниловска-Бајдевска, координаторка на Мрежата на граѓански организации за ПОВ при Фондацијата Метаморфозис.

    Гапиќ Димитровска истакна дека процесот на ко-креација претставува можност за заедничко утврдување на приоритетите и креирање политики кои директно одговараат на потребите на граѓаните.

    „Денес го започнуваме циклусот на ко-креација кој се темели на отворен дијалог и активно учество на сите засегнати страни. Целта е преку партнерски пристап да ги идентификуваме приоритетите и да креираме заложби што ќе дадат конкретен одговор на потребите на граѓаните и ќе придонесат за поефикасни и подостапни јавни услуги“ истакна Гапиќ Димитровска.

    Таа нагласи дека резултатите од претходните акциски планови покажуваат дека партнерскиот пристап носи конкретни придобивки за граѓаните и придонесува за зајакнување на довербата во институциите.

    Новиот Национален акциски план за периодот 2026–2028 ќе се фокусира на клучни области како што се антикорупција, интегритет и отчетност; граѓански простор, учество и слободи; дигитално управување; клима и животна средина; како и отворен парламент и отворено судство.

    Во рамки на настанот беа претставени и чекорите и временската рамка за подготовка на новиот акциски план, а учесниците имаа можност активно да се вклучат во процесот преку работа во тематски групи, со цел заедничко дефинирање на приоритетите и заложбите за периодот 2026–2028.

    Министерството за јавна администрација останува целосно посветено на иницијативата за ПОВ, со цел да се обезбедат конкретни резултати кои ќе придонесат за поголема транспарентност, отчетност и современа, отворена јавна администрација во служба на граѓаните.

    Популарно

    Минчев ја отвори вратата за граѓаните: Стартува новиот акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028

    02.04.2026 во 14:39

    „Алкалоид“ одликуван со плакета за најдолго котирано акционерско друштво на Македонската берза

    02.04.2026 во 14:34

    Инцидент во Идризово: Затвореници се претепале со тврди предмети, еден завршил со убодна рана на Клиника

    02.04.2026 во 14:25

    Филмска измама во Велес: Се претставил како „скопски инспектор“ и му зел илјадници денари за лажна брендирана облека

    02.04.2026 во 14:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.