Вчера во 14:10 часот во СВР Велес, 60-годишен велешанец пријави дека бил измамен за сума од 12.400 денари од едно лице кое го запознал во декември 2025 година во Велес и кој се претставил како полициски инспектор во Скопје.
Според пријавеното, лицето побарало од него на договорено место во Велес да преземе пакет со брендирана облека од друго лице, за кое кажал дека е негов колега инспектор од Неготино, и за пакетот да даде 200 евра, кои подоцна ќе му ги врати.
Како што е пријавено, на местото наместо со лицето од Неготино, тој се сретнал со лицето од Скопје, кој го довел во заблуда, му го дал пакетот и му ги земал парите. Исто така, според пријавеното, лицето во два наврати го измамило и неговиот син, а од пред извесен период ја прекинало комуникацијата со нив, по што сфатил дека бил измамен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
- Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
- Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
- Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
- Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
- Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
- Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
- Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
- 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки

