Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Берово утрово најстуден град во земјава, измерени минус 1 степен
    • (ВИДЕО) Mицкоски: Небото свети Македонија
    • Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство
    • Променливо облачно време со сончеви периоди, од недела повремени локални врнежи од дожд
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Минчев: Има ли Македонец кој ќе се согласи дека Гоце Делчев не е Македонец

    Минчев: Има ли Македонец кој ќе се согласи дека Гоце Делчев не е Македонец

    19.06.2026 во 09:342 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија мора да најде решение за европскиот пат, но не решение кое ќе отвори нови прашања за македонскиот идентитет, историја и јазик, порача министерот за јавна администрација и генерален секретар на Движењето ЗНАМ, Горан Минчев.

    За време на своето гостување во емисијата „Само Интервју“ на Канал 5 телевизија, Минчев посочи дека клучното прашање не е само дали Бугарите ќе бидат внесени во Уставот, туку што ќе се случува по тој чекор.

    „Хипотетички, утре да ги внесеме Бугарите во Уставот. И што следно? Ако следното барање биде Гоце Делчев? Има ли Македонец кој ќе се согласи дека Гоце Делчев не е Македонец?“ праша Минчев.

    Тој нагласи дека државата не може да прифаќа процеси без цврсти гаранции дека по едно исполнето барање нема да следуваат нови условувања.

    „Ние имаме ситуација каде што од бугарска страна постојат ставови дека Македонците постојат по 1945 година или дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик. Тоа не се само историски прашања, туку прашања што го допираат темелот на македонскиот идентитет“, рече Минчев.

    Генералниот секретар на ЗНАМ се осврна и на актуелните политички дебати околу историските факти и жртвите од минатото, упатувајќи критики до опозицијата.

    „Пред неколку дена бев во Ваташа, каде што оддадовме почит на 12-те младинци, жртви на едено тешко историско злосторство. Тоа било масакр, трагедија која народот не ја заборава. И замислете перверзија. Венко Филипче и СДСМ полагаат цвеќе таму, а во исто време велат дека ако Бугарите се внесат во Уставот, треба да се признае дека биле „бугарски администратори“, а не окупатори.“ истакна Минчев.

    Според него, европскиот процес не смее да се претвори во прифаќање на тези со кои директно се оспорува македонската посебност.

    „Не може да се бара од нас да прифатиме дека нешто што е дел од нашата историја и идентитет е предмет на преговарање. Ние мораме да најдеме начин да излеземе од оваа состојба, но тоа не значи да излеземе по секоја цена. Македонија мора да оди кон Европската Унија, но како рамноправна држава, со свој јазик, историја и идентитет“, порача Минчев.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.