Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Милошоски: Македонија ги зацврстува стратешките врски со САД 

    Милошоски: Македонија ги зацврстува стратешките врски со САД 

    24.10.2026 во 11:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во емисијата Надворешна-Светот во дијалог на МРТ дискутираше за меѓународните односи на државата и посочи дека Македонија е добро позиционирана и по однос на стратешкото партнерство со САД, но и по однос на политичко-економската поврзаност со ЕУ и земјите од регионот.

    -Јас мислам дека Македонија е добро позиционирана и по однос на стратешкото партнерство со САД и по однос на нашата политичка економска културна континентална поврзаност со ЕУ и со земјите од регионот не би ги исклучил затоа што земјите од регионот се еден навистина битен параметар којшто е во наша корист“, изјави Милошоски.

    Милошоски додаде дека Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери.

    -По однос на САД и Европа таа дилема сега се отвора затоа што имаме малку поразлични номенклатури на една или на друга страна, но во суштина ако гледате европскиот економски успех и демократија не би бил толку напреден и можен да ја немал американската стабилност и безбедносна поддршка во изминативе 60 години. Значи тоа е сепак една заедничка маса која ја држат четири заеднички ногарки, две се на Европа, а две се на САД и тоа е неразделно. И затоа сметам дека Македонија може да настапува на начин којшто ќе биде компатибилен и со развивање на стратешкото партнерство преку овие дијалози за стратешко партнерство и со политичките конекции со Европа, со некои земји со Германија, Австрија, Италија, Хрватска, Словенија, регионот, рече Милошоски.

    Милошоски посочи дека Македонија покажува високо ниво на усогласеност со надворешната и безбедносната политика на Европската Унија, што се потврдува и со податоците за гласање по резолуции, декларации и други акти во Обединетите нации во периодот од 2024-2026 година.

    -Македонија има навистина многу добро досие, зборам во однос на ЕУ и еве баш имам една статистика за гласањето по одредени резолуции и декларации или акти во ОН. Македонија само 6 пати од 2024-2026, гласала исто како и САД, а спротивно на мнозинството членки на ЕУ во момент кога ЕУ немала заеднички став. Во спротивен случај сме гласале како мнозинството земји-членки на ЕУ кога немале консензус, а различно од САД, 148 пати. Значи се гледа дека нашата политика кога ЕУ има утврдена заедничка надворешна безбедносна политика, нашиот глас е придружен на ЕУ како целина, кажа Милошоски.

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.