Милошоски: Луѓе кои што гласале на последните избори за Заев, денес се срамат што ваков човек ја претставува државата

 

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во „Заспиј ако можеш“ рече дека има луѓе кои што гласале за Заев, а денес се срамат што тој е премиер и ја претставува Република Македонија.

-Има и луѓе во Република Македонија оние кои што припаѓаат кон СДСМ, луѓе кои што гласале на последните избори за Зоран Заев кои што се срамат што ваков човек ја претставува државата, истакна Милошоски.

Вели дека и на меѓународно ниво и помеѓу дипломатите во Македонија, но и на поширок план регионален смета дека има политичари и дипломати кои што се потсмеваат на Македонија поради Зоран Заев.

-Поголем дел на граѓаните на Република Македонија се чувствуваат непријатно или дел од нив засрамени што Заев ја претставува државата како премиер, нагласи Милошоски.

Вели дека истакна дека е апсурдно Заев да добие награда за постигнувања во рамките на заштита на човекови права, во време кога поради него во Македонија имаме најголем прогон на новинари, најголем рекет на стопанственици кои што не му се истомисленици, најголема селективна правда на политички опоненти.

-Тоа што е уште почудно е тоа што т.н. награда се доделува за постигнувања во рамките на заштита на човекови права. Јас не гледам што Заев направил конкретно за да заштити нечии човекови права. Во негово време имаме најголем прогон на новинари, најголем рекет на стопанственици кои што не му се истомисленици, најголема селективна правда на политички опоненти, тоа воопшто не одговара со човекови права дури ни за македонски услови а камо ли за германски, нагласи Милошоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.06.2020 - 23:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега