Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Откриено деветто тело во серијата сомнителни смртни случаи близу Јоханесбург – Страв и неизвесност во Јужна Африка
    • Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи
    • Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
    • Нова воена помош за Киев: Вашингтон подготвен да одобрат префрлање на десет ракети „Патриот“ од Германија во Украина
    • Полскиот премиер тврди дека Русија планира хибридни напади со дронови и ракети
    • Втора младост: Кои хороскопски знаци носат совршена хармонија по педесеттата година
    • ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа
    • За овие три хороскопски знаци од денес започнува среќен период
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Милошоски: Левица одби да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик во чие изготвување учествуваше

    Милошоски: Левица одби да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик во чие изготвување учествуваше

    29.06.2026 во 15:103 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Левица не сака да го потпише предлогот од Левица за Изборниот законик, информира на ФБ пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

    1. Темата за измени на Изборниот законик беше отворена на лидерската средба во јануари оваа година. Сите партии/ коалиции, освен отсутната СДС, се согласија дека согласно реформската агенда до крајот на јуни ќе се поднесат предлог измените на Изборниот законик, со вметнување на препораките на ОДИХР. И ВМРО-ДПМНЕ, и ДУИ, и ВЛЕН, и Левица го потврдија овој став.

    2️.  Согласно овој став од лидерската средба на 9-ти март, во министерството за правда, започнаа состаноците на Работната група за измени на Изборниот законик, со претставници од сите политички партии, со тоа што СДС потоа донесе одлука да се повлече од овие разговори. Се работеше по препораките на ОДИХР, врз основа на кои партиите даваа свои предлози за измени на Изборниот законик. За голем дел од дискусиите беше постигнат компромис, и добар дел од предлозите на Левица беа вградени во предлог измените, за што постојат записници.

    3. Тема која предизвика поголем интерес на работните средби беше членот 76-д, средства за изборно рекламирање, за кој ВМРО-ДПМНЕ даде предлог соодносот на бројот на пратеници да биде објективен критериум за користење на 97% од овие средства, а 3% да бидат на располагање на партиите кои немаат пратеници во Собранието. Две партии не се согласија со овој предлог и за истиот не се постигна консензус. Го прифативме тоа како реалност и продолживме прагматично да разговараме со цел да се дојде до консензус.

    4. Потоа на темата средства за изборно рекламирање со конкретни предлози и проценти излегоа ДУИ и Левица, при што на крајот сите други партии се согласија на компромисот кој произлезе од овие два предлози, а истиот гласеше:

     42% за двете најголеми партии од позицијата

     42% за двете најголеми партии од опозицијата

     8% за партиите кои имаат пратенички групи, а не се меѓу четирите најголеми

     5% за партиите кои немаат пратенички групи и 3% за вонпарламентарните партии/ група избирачи.

    Никаков заговор, никакви интриги. Напротив, Левица како ко-предлагач на ова решение даде сериозен придонес во буџетската распределба на средствата. Прифаќањето на овој предлог беше нотирано во записникот на Министерството за правда.

    Но, иако беа ко-предлагачи на ова решение денес пратениците Крмов и Реџеп Исмаил известија дека нема да бидат потписници на предлог измените на Изборниот законик, иако на тоа се согласија и на лидерската средба и за време на состаноците на Работната група во министерството за правда. Поточно, побараа пратениците на ВМРО, ВЛЕН, ДУИ и ЗНАМ да го поднесат предлогот за измени на Изборниот законик, да го изгласаат, со напомена дека доколку Левица ги добие побараните пари за изборно рекламирање, ветуваат дека нема да го блокираат законот. Многу непринципиелно одбегнување да се превземе одговорноста за законски измени во чие подготвување учествуваше токму Левица.

    Затоа, предлог измените на Изборниот законик ќе бидат поднесени, со сите усогласени измени според препораките на ОДИХР, но без измените во членот 76-д. За овој член ќе биде оставена можност Левица да поднесе амандман според усогласениот компромис кој го предложија на Работната група и истиот ќе биде поддржан. Тоа што е договорено, чесно е да се испочитува, без разлика што ко-предлагач за распределбата на буџетските средства за рекламирање беше Левица. Не е коректно на работните средби да се бараат буџетски пари за рекламирање, а во јавноста да се глуми девственост и жртва на наводен заговор!, стои во објавата на Милошоски на ФБ.

    Прочитај повеќе

    ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа

    17.09.2026 во 21:39

    Филипче: Состојбата во земјоделството е дел од пошироката криза во која се наоѓа државата

    17.09.2026 во 20:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.