Пеце Милевски, пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година, имаше свое обраќање каде се осврна на делот за сивата економија при што потенцираше дека Предлог-буџетот за 2026 година има мерки за намалување на истата. Тој истакна дека во овој Предлог-буџет акцентот е ставен и на развојната компонента, преку високо ниво на капитални инвестиции.
„Со овој Предлог-буџет многу се внимава на мерки за намалување на сивата економијата и зголемување на наплатата на буџетските приходи. Предлог-буџетот е темелен на реални проекции, а тоа значи испланирани приходи врз реални можности, а расходи исклучиво насочени кон стратешки приходи“, истакна Милевски.
Тој посочи дека во овој Предлог-буџет е ставен акцент на развојната компонента со високо ниво на капитални инвестиции.
„Најважно е што во проектирањето на овој Предлог-буџет, ставен е акцент на развојната компонента со високо ниво на капитални инвестиции кои се проектирани во износ од 40,5 милијарди денари“, рече Милевски.
Како што вели тој, фискалната консолидација е една од главните одлики на овој Предлог-буџет.
„Фискалната консолидација и дисциплинираното управување со јавните финансии е една од главните одлики што обезбедува поголема ефикасност и одговорност во трошењето на буџетските средства, односно парите на граѓаните“, кажа Милевски и додаде:
„Одговорното буџетирање како главна одлика на овој Предлог-буџет, е клучно во вкупниот макроекономски контекст и управувањето со вакви проекции мора да ги следи голема дисциплина и финансиска мудрост. А оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Министерството за финансии, тоа во изминатиов период го потврди“.

