Милевски на местото на Ангеловски- се поизвесна довербата од ФФМ

Благоја Милевски најверојатно ќе биде новиот селектор на машката фудбалска А репрезентација откако Игор Ангеловски најави дека се повлекува од селекторската позиција по историскиот настап на Македонија на Европското првенство.

Извесно е дека Милевски, кој репрезентацијата до 21 година ја предводеше на Европското првенство во Полска во 2017 година, ќе биде решението на Фудбалската федерација на Македонија.

-Мојата соработка заврши со федерацијата, им се заблагодарувам на сите за соработката. Мислам дека по ЕУРО кога ќе се намалат емоциите, ќе дадам генерална оценка, беше огромно задоволство да се води Македонија на ЕУРО, изјави Ангеловски по поразот од Холандија.

 

Од репрезентативниот дрес вчера се збогуваа капитенот Горан Пандев, Иван Тричковски и Крсте Велковски.

22.06.2021 - 14:40
Фото: 
ФФМ

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега