Миленковски: Македонија според светски реномирани институции со најмногу заболени и починати од корона

 

Вашето прогласување на победа над пандемијата помина во пораз на нашиот здравствен систем и на нас како држава. Реномирани светски институции ја ставаат Македонија прва на ранг листите по лошо справување со корона вирусот, односно по најголем број на заболени и на починати.Македонија според реномираниот универзитет Џон Хопкинс има катастрофален индекс на смртност во однос на сите свои соседи, но и во однос на најголем број држави во светот.

Ова на прес-конференција го истакна кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Изборната единица 3, Маријан Миленковски, додавајќи дека Македонија  е прва во Европа и по број на новозаразени лица на милион жители.

-Кога политиката е ставена пред одлуките, стручноста и професионалноста на оние кои им е дадена таа одговорност, односно Комисијата за заразни болести, вклучувајќи го и оној кој треба да менаџира со здравствениот систем - министерот за здравство, кога локалните кризни штабови од самиот почеток на пандемијата работат како партиски штабови, резултатот е дно на листите. Со тоа нормално и очекувано е да бидеме единствена изолирана земја во регионот. Но, што и да очекуваме од Влада која од сите активности во борбата против пандемијата најдобро ги одработи само прес конференциите, со целиот пи-ар насочен единствено кон ресорниот министер за здравство. Целата останата работа беше оставена на способноста и професионалноста на медицинскиот персонал кој се справува како што знае и умее со оваа пандемија, рече Миленковски.

Вели дека власта се обидела преку пандемијата да собере политички поени, но тоа не и успеало.

-Време е за стратегија без политиканство, за да можеме самите себе да си помогнеме во овие моменти кога бројот на заразени и починати вртоглаво расте. Потребна беше здравствена едукација за граѓаните, но тоа не подразбира делење флаери за вашата политичка опција или хуманитарни пакети. Очигледно не ја сфативте сериозноста на оваа состојба од која само заеднички можевме да излеземе како победници. И така наместо интересот на граѓаните и на државата, СДСМ и по цена на животи и по цена на економски колапс брзаат да одат на избори само за да го ублажат поразот. Недозволиво е кариерата на некои политичари да биде побитна од животот на макар еден човек, рече Миленковски.

Миленковски: Македонија според светски реномирани институции со најмногу заболени и починати од корона

Posted by Press24.mk on Tuesday, 16 June 2020

16.06.2020 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега