Мијалков излезе од притвор - вели дека нема да бега

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, предмалку излезе од истражниот затвор во Шуто Оризари.

Тој од вечерва е на слобода откако Апелација денеска му го укина притворот, кој пред една недела му беше одреден за случајот „Плацеви на Водно“.

„Не бегам, зошто да бегам“, беше единствениот краток коментар на ексдиректорот на УБК по излегувањето од притвор.

Тој десетина минути седеше во дворот на затворот, додека неговото обезбедување ги преземаше неговите лични работи.

Потоа, како на ниту еден друг затвореник, автомобилот му беше паркиран пред портите на затворот „Скопје“ и тој влезе директно во задниот дел.

Тој не одговори дали ќе остане во Скопје по неговото излегување од затворот. Не прокоментира ниту како ги убеди судиите да го пуштат на слобода.

Засега не е познато дали одлучувал истиот состав на Кривичен совет или пак некои од членовите барале место нив да одлучи нивната замена. Одлуката на судиите значи дека тие сметаат дека Мијалков нема да избега ако биде на слобода.

29.12.2021 - 19:26
Фото: 
Макфакс

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега