Мијалков: Бев во самоизолација со 40 температура

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков кој од неделата беше недостапен за органите на прогонот, попладнево се појави пред Јавното обвинителство за гонење организиран криминал, за, како што изјави, да го подигне решението за куќен притвор што му го одреди Кривичниот суд.

Мијалков кажа дека дека не избегал, туку во текот на вчерашниот ден бил во излозација поради здравствени причини. Мијалков бил во самоизолација со симптоми на ковид, со 40°C температура и силни главоболки., а за ситуацијата што настанала околу него дознал утрово.

Тој им се извини на граѓаните, на премиерот, Владата и на сите други институции за непријатностите што биле предизвикани.

Мијалков кажа и дека нема да бега и останува во државата.

– Оној којшто ме познава знае, јас кога ќе дадам збор не го покгазувам. Јас јавно дадов збор дека нема да побегнам никкогаш. Се случи тоа еден ден во изолација вчерашени еве гледате непријатности, изјави Мијалков за ТВ 24 пред Јавното обвинителство за гонење организиран криминал.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.02.2021 - 17:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега