Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Правеле ајвар и предизвикале пожар во Горно Соње
    • Одземен му е пасошот на вишиот јавен обвинител Пецо Везироски од Битола
    • Избегал од затвор во Струмица па ја киднапирал бившата во Шуто Оризари
    • 17-годишна девојка физички и психички малтретирала од невенчниот супруг и неговите мајка и сестра
    • Семејна драма во Тетово: Со нож ѝ се заканувал на мајка си и уште една роднина
    • Тетовец тепал 11-годишно дете
    • Алкохолот поскапел најмногу: 2,7% инфлација во септември
    • Дизелот под поголем притисок од суровата нафта, ризик од ново поскапување и во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Михаел ќе остане засекогаш во нашите сеќавања“: Училиштето се прости од 18-годишниот ученик кој загина во несреќата кај Илинден

    „Михаел ќе остане засекогаш во нашите сеќавања“: Училиштето се прости од 18-годишниот ученик кој загина во несреќата кај Илинден

    13.09.2026 во 11:492 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со емотивна објава, средното училиште „Здравко Цветковски“ се прости од својот ученик Михаел Арсовски, кој заедно со својот татко го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи во близина на полициската база „Брест“, во склоп на Меѓународниот аеродром Скопје.

    Од училиштето информираат дека Михаел бил ученик во класот Г-4а и дека неговата трагична и ненадејна смрт длабоко ја потресла училишната заедница.

    „Со длабока тага ја споделуваме веста за трагичната и ненадејна загуба на нашиот ученик Михаел Арсовски, ученик во Г-4а клас, кој заедно со својот татко трагично го загуби животот“, се наведува во објавата.

    Оттаму упатија најдлабоко сочувство до семејството, роднините, пријателите, соучениците и сите кои го познавале Михаел.

    „Михаел ќе остане засекогаш во нашите сеќавања како дел од нашето училишно семејство. Нека почиваат во мир“, порачаа од училиштето.

    Според информациите од Јавното обвинителство, во несреќата на самото место починале возачот на автомобилот „хјундаи“ и неговиот 18-годишен син Михаел, додека тешко била повредена и неговата 18-годишна ќерка.

    Со тешки телесни повреди се здобиле и возачот на „опел корса“ и неговиот сопатник, двајцата на иста возраст, кои биле пренесени во болница во животозагрозувачка состојба.

    На местото на несреќата увид извршиле дежурен јавен обвинител, вешто лице и увидни екипи на Министерството за внатрешни работи.

    Јавниот обвинител издал наредби за обдукција на двете починати лица, а надлежните продолжуваат со дејствија за утврдување на точните причини и околности под кои дошло до несреќата

    Прочитај повеќе

    Правеле ајвар и предизвикале пожар во Горно Соње

    07.10.2026 во 14:12

    Одземен му е пасошот на вишиот јавен обвинител Пецо Везироски од Битола

    07.10.2026 во 13:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.