Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис смирува дека кризата на Блискиот Исток нема да влијае врз безбедноста на Грција како туристичка дестинација. Во интервју за весникот „Неос Космос“, тој нагласи дека земјата е подготвена за претстојната летна сезона и дека патниците можат да бидат спокојни.
Мицотакис изрази надеж дека прекините во воздушниот сообраќај наскоро ќе завршат и дека нормалноста ќе се врати пред главниот шпиц на летото.
„Во моментов немаме индикации дека ќе има некаков негативен ефект врз нашиот туризам. Можеби сме блиску до Блискиот Исток, но сме и на безбедно растојание. Секако би планирал посета на Грција во лето со голем душевен мир“, изјави Мицотакис.
Премиерот потенцираше дека економијата на земјата во голема мера зависи од туристите, па затоа државата прави сè за да ја гарантира нивната сигурност.


