Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • МОН со објаснување за проблемот во „Стив Наумов“: Изолирани ситуации кои се санираат, но дел се и од несоодветно користење
    • Берово утрово најстуден град во земјава, измерени минус 1 степен
    • (ВИДЕО) Mицкоски: Небото свети Македонија
    • Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство
    • Променливо облачно време со сончеви периоди, од недела повремени локални врнежи од дожд
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Зборувам со факти, во време на владите на СДСМ дефицитот беше 5,3%, сега со нафтената криза е 3,5%, платите од минус 3%, сега се плус 3%

    Мицкоски: Зборувам со факти, во време на владите на СДСМ дефицитот беше 5,3%, сега со нафтената криза е 3,5%, платите од минус 3%, сега се плус 3%

    25.06.2026 во 21:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp
    Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју на МРТ по повод две години од мандатот на владата, посочи дека и покрај тоа што оваа енергетска криза е полоша од претходните три, владата поуспешно работи од претходната и тоа го говорат фактите, односно во време на владите на СДСМ буџетскиот дефицит беше 5,3%, а сега со нафтената криза е 3,5%, додека платите беа во минус 3% реален раст, додека сега реалниот раст е 3%.
     „Кога сме кај буџетскиот дефицит, зедов параметри и од претходната влада кои се многу важни затоа што кога зборувате за нешто, треба да зборувате со споредба, не може напамет. Кога ќе речат, оставете порано да видиме вие, добро, ама ние мора тоа да го споредиме со нешто, да видиме дали добро правиме или погрешно. Логично е да споредиме со нешто пред нас.  Ако тоа го земете, во 2020 да не го сметаме буџетскиот дефицит кој е 8%, ковид период, но 2021 година 5,3% од БДП, во 2022 година е 4,4%, следната 4,6%, а ние лани бевме под 4%, оваа година ни беше целта 3,5%. Ова го зборувам поради една едноставна причина, оваа година да не беше кризата која се случи, и овие 3,5% на крај на годината ќе беа пониски.“, истакна премиерот Мицкоски.

    Премиерот Мицкоски додаде дека за оваа енергетска криза за која сите велат дека по рихтеража, по јачина е поголема од трите последни енергетски кризи заедно, односно 2022, војната во Украина и оние од седумдесеттите години на минатиот век, и тоа го вели Светската енергетска агенција, господинот Фатих Бирол, претседателот, кој вели дека по јачина и последиците оваа криза ќе биде многу подевастирачка отколку тие три заедно.

    „Што направивме ние. Ако вие ги анализирате параметрите економски сега, со тие од 2022 година. Во 2022 година реалниот раст на платите бил минус 2,9%, а сега е 3%, 6% во плус.  Да одиме по други параметри, да речеме инфлација, во 2022 година 14,2%, сега е 4,5%. Било проекција 3,5%, се случи тоа што се случи, но не е 14,5%. Тогаш 2022 година се завршила со раст БДП од 2,8%, а сега растот е 3,1% во првиот квартал, очекувам до крај на годината 3,5%. Ова се параметри, ова се бројки кои вие не можете да ги игнорирате.“, нагласи премиерот Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.