Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски за пресудите за „Талир“: Конечно правдата е задоволена

    Мицкоски за пресудите за „Талир“: Конечно правдата е задоволена

    15.07.2026 во 12:302 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Ослободувањето на Никола Груевски за случајот „Талир 2“ е директна последица од измените во Кривичниот законик кои ги донесе претходната влада на СДСМ и ДУИ, додека вчерашната судска одлука конечно ја донесе долгоочекуваната правда за партијата. Ова денеска го истакна премиерот Христијан Мицкоски, кој нагласи дека случаите „Талир 1“ и „Талир 2“ биле измислени во време кога се вршел агресивен политички прогон врз ВМРО-ДПМНЕ.

    Шефот на Владата посочи дека вчерашната пресуда е во целосна согласност со очекувањата на граѓаните за правда. Во однос на делот кој се однесува на поранешниот премиер, Мицкоски потенцираше дека одлуката на Судот е законски резултат на измените донесени во 2023 година, кои веќе резултираа со серија политички амнестии во земјава.

    Одговарајќи на новинарско прашање за време на увидот во работите на Сува Река во општина Сарај, премиерот Мицкоски детално го образложи својот став за судскиот епилог.

    „Мојот став е многу јасен. ВМРО-ДПМНЕ, во тој период кога беше предмет на политички прогон и би рекол еден вид агресија од страна на претходната влада, измислија случаи коишто не постојат, како што се „Талир 1“ и „Талир 2“. Вчера конечно судот што се однесува до политичката партија ВМРО-ДПМНЕ донесе пресуда којашто е соодветно, во согласност на правдата и сè она кое што претставува очекување на граѓаните. Што се однесува за другиот дел од пресудата и лицето коешто е опфатено со другиот дел од пресудата, од она што можев да го прочитам од одговорот на Кривичниот совет при Основниот суд, можам да заклучам дека станува збор за последица од измените во Кривичниот законик донесени од претходната влада на СДСМ и ДУИ“, рече Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите

    19.09.2026 во 15:29

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.