Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски за „Брајтбарт“: Македонија стои зад Трамп, сакаме инвестиции и нула царини

    Мицкоски за „Брајтбарт“: Македонија стои зад Трамп, сакаме инвестиции и нула царини

    25.08.2026 во 10:012 Mins Read
    Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за „Брајтбарт њуз“ изјави дека Македонија силно ја поддржува администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и сака стратешкиот дијалог со Вашингтон да донесе конкретни резултати во областа на безбедноста, енергетиката, инфраструктурата, трговијата и инвестициите.

    Мицкоски посочи дека македонската влада воспоставила контакти со тимот на Трамп уште за време на неговата изборна кампања во 2024 година, а по неговиот избор за претседател испратила делегација на инаугурацијата во Вашингтон.

    Тој оцени дека поддршката за Трамп во Македонија е исклучително висока и изрази подготвеност да го пречека американскиот претседател во земјава доколку неговиот распоред го дозволи тоа.

    „Со задоволство ќе го угостам на највисоко ниво. Тој ќе ја ужива поддршката од македонските граѓани“, рече Мицкоски.

    Принтскрин

    Премиерот нагласи и дека Македонија во повеќе наврати ги поддржувала американските позиции во Обединетите нации, вклучително и за прашања поврзани со Иран, Венецуела и Куба.

    Според Мицкоски, земјава е „клучна точка на американските интереси на Балканот“ и силен поддржувач на стратешкото партнерство со САД. Тој ја истакна и соработката со американскиот претставник Ричард Гренел и амбасадорката на САД во Грција, Кимберли Гилфојл, особено во делот на енергетиката и можностите за американски извоз на течен природен гас во регионот.

    Мицкоски се осврна и на разговорите со администрацијата на Трамп за царините, при што посочи дека е постигната основа за билатерален договор со нулта царинска стапка за одредени производи.

    Тој очекува договорот официјално да биде потпишан за време на Генералното собрание на ОН во Њујорк, доколку се финализираат процедурите.

    „Имаме нула царини кога станува збор за извоз на македонски производи во Соединетите Американски Држави“, изјави Мицкоски.

    Според него, договорот би можел дополнително да ја олесни трговијата, да го зголеми американскиот извоз и да привлече нови инвеститори во земјава и регионот.

    Мицкоски најави дека за време на претстојната посета на САД очекува да бидат отворени и други теми за продлабочување на соработката, а изрази надеж и за средба со претседателот Трамп.

    Како што истакна, целта на македонската влада е односите со Вашингтон да се развиваат не само во политиката и безбедноста, туку и преку конкретни економски проекти, инвестиции и инфраструктурна соработка.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.