Close Menu
Press24
    Најново

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50

    Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења

    02.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово
    • Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си
    • Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења
    • Берово: Четиригодишно девојче итно пренесено во болница откако проголтало капсула за перење
    • Драма во Охрид: По расправија за паркинг, 73-годишник вперил пиштол кон скопјанец
    • Тошковски на Илинден од Пелинце: Да ја јакнеме државата и да ги негуваме вредностите што ни ги оставија илинденците и асномците
    • Змија влегла во куќа во струмичко – интервенирале пожарникарите
    • Гори кај Кванташки пазар – ЦУК со најнови детали
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Владата ќе стори сѐ за да им помогне на извозните компании

    Мицкоски: Владата ќе стори сѐ за да им помогне на извозните компании

    08.06.2026 во 13:202 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата ќе обезбеди максимална поддршка за домашните компании чие производство е доминантно наменето за странските пазари, најави премиерот Христијан Мицкоски при посетата на компанијата „Макпрогрес“.

    Тој изрази импресионираност од развојот на компанијата, која успеала од семеен бизнис да прерасне во регионален гигант со промет од над 40 милиони евра и да стане еден од темелите на македонската кондиторска индустрија.

    Премиерот потенцираше дека државата мора да ги стимулира ваквите стопански капацитети кои се сериозен двигател на економијата.

    „Ние како Влада се разбира ќе сториме сè што можеме за да помагаме ваков тип на бизниси, бидејќи околу 80-тина проценти од вкупното производство е практично производство наменето за извоз.“ – изјави Мицкоски.

    Тој додаде дека „Макпрогрес“, без разлика дали настапува преку својот бренд „Винчини“ или како приватен бренд, пласира огромно мнозинство од своите производи надвор од државата.

    Притоа, премиерот упати честитки до менаџментот и до сите 670 вработени во компанијата кои секојдневно придонесуваат за овој голем успех.

    Владата веќе ги разгледала и нивните идни развојни планови.

    „Ги слушнавме амбициите, целите и ние како Влада ќе сториме сè да помогнеме, да бидеме додадена вредност во делот на реализирање на тие амбиции, цели за следниве 5 години.“ – порача Мицкоски.

    На крајот, премиерот посака во иднина во Македонија да има уште повеќе вакви успешни инвестиции.

    Прочитај повеќе

    Андоновски од Смилево: Илинден е вредносен систем – непокор, слобода и иднина

    02.08.2026 во 11:25

    Делегација на СДСМ оддаде почит во Пелинце по повод Денот на Републиката

    02.08.2026 во 10:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.