Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Владата ќе стори сѐ за да им помогне на извозните компании

    08.06.2026 во 13:20

    „Макпрогрес“ отвори нова фабрика за вафли: Инвестиција од 8,5 милиони евра и нови вработувања

    08.06.2026 во 13:16

    Општина Центар ги награди првенците на генерација: По 20.000 денари за најдобрите осум ученици

    08.06.2026 во 12:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Владата ќе стори сѐ за да им помогне на извозните компании
    • „Макпрогрес“ отвори нова фабрика за вафли: Инвестиција од 8,5 милиони евра и нови вработувања
    • Општина Центар ги награди првенците на генерација: По 20.000 денари за најдобрите осум ученици
    • Муцунски во Сараево на средба со Конаковиќ: Се иницира враќање на авиолинијата Скопје – Сараево
    • Кривична пријава за поранешен директор на „Национални шуми“: Предизвикал штета од над 2 милиони денари
    • РКЕ со нова одлука: Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува
    • СДСМ ја промовираше платформата „Твоја држава, твоја шанса“: Кузеска најави фронт за вистина и правда
    • Гаши поднесе отчет за двегодишната работа: Одржани 196 седници, ефикасноста е зголемена
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Владата ќе стори сѐ за да им помогне на извозните компании

    Мицкоски: Владата ќе стори сѐ за да им помогне на извозните компании

    08.06.2026 во 13:202 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата ќе обезбеди максимална поддршка за домашните компании чие производство е доминантно наменето за странските пазари, најави премиерот Христијан Мицкоски при посетата на компанијата „Макпрогрес“.

    Тој изрази импресионираност од развојот на компанијата, која успеала од семеен бизнис да прерасне во регионален гигант со промет од над 40 милиони евра и да стане еден од темелите на македонската кондиторска индустрија.

    Премиерот потенцираше дека државата мора да ги стимулира ваквите стопански капацитети кои се сериозен двигател на економијата.

    „Ние како Влада се разбира ќе сториме сè што можеме за да помагаме ваков тип на бизниси, бидејќи околу 80-тина проценти од вкупното производство е практично производство наменето за извоз.“ – изјави Мицкоски.

    Тој додаде дека „Макпрогрес“, без разлика дали настапува преку својот бренд „Винчини“ или како приватен бренд, пласира огромно мнозинство од своите производи надвор од државата.

    Притоа, премиерот упати честитки до менаџментот и до сите 670 вработени во компанијата кои секојдневно придонесуваат за овој голем успех.

    Владата веќе ги разгледала и нивните идни развојни планови.

    „Ги слушнавме амбициите, целите и ние како Влада ќе сториме сè да помогнеме, да бидеме додадена вредност во делот на реализирање на тие амбиции, цели за следниве 5 години.“ – порача Мицкоски.

    На крајот, премиерот посака во иднина во Македонија да има уште повеќе вакви успешни инвестиции.

    Прочитај повеќе

    Муцунски во Сараево на средба со Конаковиќ: Се иницира враќање на авиолинијата Скопје – Сараево

    08.06.2026 во 12:44

    СДСМ ја промовираше платформата „Твоја држава, твоја шанса“: Кузеска најави фронт за вистина и правда

    08.06.2026 во 12:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.