Close Menu
Press24
    Најново

    Нови детали: Позната причината за смртта на студентката од Македонија во Солун

    08.07.2026 во 11:16

    Муцунски во Анкара: Разговор со холандскиот шеф на дипломатијата

    08.07.2026 во 10:54

    ММФ: Геополитичките кризи го прават бакарот сè повреден, Македонија сè уште не ги користи резервите во Иловица

    08.07.2026 во 10:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нови детали: Позната причината за смртта на студентката од Македонија во Солун
    • Муцунски во Анкара: Разговор со холандскиот шеф на дипломатијата
    • ММФ: Геополитичките кризи го прават бакарот сè повреден, Македонија сè уште не ги користи резервите во Иловица
    • Апсење во Скопје – Полицијата изврши претрес, МВР со детали
    • Судскиот Совет одлучи: Кривичниот суд доби нов претседател
    • Сообраќајка во Скопје: Едно лице тешко повредено
    • Лазе Еленовски: Ако цената за ЕУ е „висока“, тогаш чесно е на народот да му се каже не чекајте ЕУ следните години
    • Николоски: Товарните возови надвор од Скопје – Почист воздух и побрз карго сообраќај
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Венко не го сака Бранко, но Заев не го даваат

    Мицкоски: Венко не го сака Бранко, но Заев не го даваат

    16.10.2025 во 20:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,  се обрати од  вечерашниот митинг одржан во општина Аеродром, во рамки на изборната кампања  под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, истакнувајќи дека програмата е  реална со рокови и мерки насочени кон потребите на граѓаните, за разлика од кампањата на опозицијата која се темели на демагогија, трикови и подземни коалиции.

    „Што дознавме од оваа кампања досега? Ние имаме програма, со рокови и проекти, СДСМ има демагогија, трикови и подземни коалиции. Дознавме дека Венко претседателот на СДСМ добил засилување во неговиот ментор, потоа дознавме дека судиите и обвинителите тие малкумина што се нивни измеќари биле професионалци, иако имаат незначителен процент доверба од граѓаните , дека си подготвуваат и се колнат  во подароци од   Бугарија, дека нема ништо поретко и ендемично од тоа да видиш пратеник на СДСМ на митинг на СДСМ, дека подобро било со Левица и ДУИ да се во коалиција отколку сами да одат на избори, дека Венко не го сака Бранко, но Заев не го даваат, и дека неговите истурени играчи посакуваат линчување и моја смрт – би рекол, ништо ново во СДСМ“, вели Мицкоски.

    Мицкоски изјави дека СДСМ е партија со многу проблеми, која народот ќе ја казни на локалните изборите со жесток пораз и нема да дозволи Македонија да биде заложник на нивните внатрепартиски борби.

    „А сето ова открива дека СДСМ е партија со многу проблеми, дека се расцепкани на стотина фрагменти, затоа што раководството на партијата гледа како на компанија и инвестиција што треба да се чува затворена, и дека немаат сериозна намера да бидат алтернатива. Народот тоа го гледа и народот тоа ќе го казни жестоко на овие избори. Македонија нема да дозволиме да биде заложник на нивните проблеми и внатрепартиски борби. А овде, во Скопје, ако освојат едвај триесетина илјади гласови – тоа треба да го гледаат како голем успех. Ве убедувам дека ги чека жесток пораз, а за да тоа се случи важно е да излезете на избори и да гласате“, рече Мицкоски.

    Мицкоски упати порака за излезеност на 19 октомври и заокружување на бројот 9 за иднината и развојот на Македонија.

    „Ве повикувам да гласате и да го направите вистинскиот избор. Гласајте за бројот 9, гласајте за советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“. Затоа што филозофијата на правиот избор е одредница за тоа како ќе ја конструираме  нашата заедничка иднина“, заклучи Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Мицкоски ја укина техничката влада на сила а сега сака модел за кражба на гласови

    08.07.2026 во 09:40

    ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија и се случува градежен бум невиден во поновата историја на државата

    08.07.2026 во 09:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.