Мицкоски утре ќе ја пушти во употреба железничката пруга Куманово - Бељаковце
Утре со почеток во 12:30 часот по повод завршување на градежните работи на делницата Куманово - Бељаковце (Коридор 8 Источна делница) претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува и ќе ја пушти во употреба железничката пруга Куманово - Бељаковце.
Пругата Куманово - Бељаковце е со должина од 30.8 километри и на неа се изградени 3 нови железнички станици (Ново Куманово, реконструирана постоечката железничка станица Куманово, 6 стојалишта, 5 мостови, 1 тунел, пропусти со различен дијаметар, заштита на наклони, одводни канали, пристапни патишта, звучни бариери, потпорни ѕидови, горен строј и сигнализација и телекомуникација.
На железничките станици и стојалишта е инсталирана сигнално -телекомуникациска опрема во вредност од 10.000.000 евра, алуминиумски седишта, челични настрешници, дисплеи, лед осветлување.
16.01.2025 - 13:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа