Close Menu
Press24
    Најново

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52

    Лоши прогнози: Скап дизел ќе возиме цела наредна година

    07.10.2026 во 10:13

    Измени во „Сејф Сити“ – камерите ќе гледаат нов прекршок

    07.10.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пронајдена неексплодирана рачна бомба во скопско
    • Претепан сопругот на Јелена Крсмановиќ – Завршил без заб и со потрес на мозокот
    • ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Ако има докази за криминал од 37 милиони евра, достави ги до Обвинителството
    • ФОТО: Реновирана салата во „Коле Неделковски“ – Учениците добија современ простор за спорт
    • Аеродромите рушат рекорди: Македонија се движи кон 4 милиони патници
    • ВМРО-ДПМНЕ: Чучер Сандево се развива со конкретни проекти и инвестиции
    • Го запреле на Табановце – Кога виделе што има во возилото веднаш го уапсиле
    • Подгответе се за продолжен викенд – УХМР со временска најава за трите дена одмор
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Со новата опрема од ЕУ за Царината ја засилуваме борбата против организираниот криминал

    Мицкоски: Со новата опрема од ЕУ за Царината ја засилуваме борбата против организираниот криминал

    14.09.2026 во 15:293 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата ќе продолжи со силна поддршка за Царината и зајакнување на борбата против организираниот криминал и корупцијата, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски на денешниот настан по повод донацијата на нова опрема од Европската унија, притоа додавајќи дека царинските службеници се на првата линија во заштитата на законот и владеењето на правото.

    -За мене претставува особена чест и задоволство што можам денеска да се обратам на овој настан.

    Ќе се потрудам да бидам краток, бидејќи техничките параметри за опремата и начинот на кој е стигната оваа опрема овде, на овој граничен премин, веќе претходните говорници ги кажаа.

    Би сакал да им честитам на колегите од Царината, со оваа опрема практично да ја зголемат ефикасноста и борбата да ја интензивираат против организираниот криминал и корупцијата.

    Мораме да покажеме дека да се биде криминалец и да се занимаваме со криминал е неисплатлива професија.

    Вие сте практично на првата линија на одбраната на законот и на владеењето на правото и затоа ќе треба во таа насока да продолжите и во периодот којшто следи да се движите.

    За жал, имаме и такви случаи кога има поединци коишто се одлучуваат да бидат сојузници на криминалот и криминалците. Се надевам дека тоа се само мали, несреќни епизоди и исклучоци.

    Оваа Влада има сериозна намера да застане на патот на тие коишто одлучиле да бидат сојузници на криминалот и порано или подоцна сакам јасно да кажам на македонската јавност и на граѓаните дека тие ќе бидат фатени и изведени пред лицето на правдата.

    Да се занимавате со криминал мора да биде неисплатлива работа и тоа е главната цел на оваа Влада.

    Би сакал да се заблагодарам и на амбасадорот Рокас за неговата поддршка, за сето тоа што го прави за нас и за земјата.

    Да се заблагодарам на директорот на Царината, заедно на сите царински службеници, луѓе кои чесно си работат и се грижат за иднината на земјата, на министерката за финансии, којашто заедно со мене во Владата дава несебична поддршка за работењето на Царината.

    Јас би сакал да кажам дека и во иднина ќе продолжиме исто така да ја поддржуваме работата на Царината и очекувам од Царината на овие добри резултати уште подобри резултати, за да сите заедно дојдеме до одлични резултати.

    Иако до сега можам да кажам сме исклучително задоволни од сработеното на македонската Царина.

    Така што, еве, нека е со среќа користењето на новата опрема, на донацијата од страна на Европската унија и да докажеме сите заедно дека професијата да се биде криминалец е неисплатлива, рече Мицкоски во своето обраќање.

    Прочитај повеќе

    Пронајдена неексплодирана рачна бомба во скопско

    08.10.2026 во 10:29

    ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Ако има докази за криминал од 37 милиони евра, достави ги до Обвинителството

    08.10.2026 во 10:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.