Close Menu
Press24
    Најново

    Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат

    28.10.2026 во 22:00

    Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми

    28.10.2026 во 21:46

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Армијата се модернизира: Мицкоски се заблагодари за донацијата од ЕУ и најави високи инвестиции во одбраната

    Армијата се модернизира: Мицкоски се заблагодари за донацијата од ЕУ и најави високи инвестиции во одбраната

    03.07.2026 во 12:303 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Владата изрази благодарност до Европската Унија за донекаде реализираната донација на опрема за македонската Армија, посочувајќи дека Унијата препознава квалитет и посветеност кај АРМ како рамноправен составен дел од НАТО Алијансата. Тој упати благодарност до евроамбасадорот за личниот ангажман, како и до раководството на Министерството за одбрана и Генералштабот.

    Премиерот ја истакна подготвеноста на војниците кои успешно извршиле воена вежба, нагласувајќи дека Владата останува фокусирана на исполнување на сите критериуми и барања кои произлегуваат од членството во НАТО.

    Во однос на воениот буџет, беше потенцирано дека неодамнешната посета на главниот командант на вооружените сили на НАТО за Европа, генерал Гринкевич, потврдила дека инфраструктурните проекти и издвоените средства во земјава се пример за многу други земји членки.

    Мицкоски во својата изјава детално ги образложи финансиските капацитети и проценти од бруто-домашниот производ кои се наменуваат за модернизација на воените сили.

    Јас немам што да додадам околу спецификацијата на опремата и обемот на опремата којашто е добиена како донација од страна на Европската Унија, рече Мицкоски.

    „Ми останува само да се заблагодарам на амбасадорот за неговата лична посетеност, на Европската Унија што, еве, донира и препознава во македонската Армија квалитет, посветеност, како Армија којашто е составен дел на НАТО Алијансата.

    Исто така би сакал да се благодарaм на мојот колега од Владата, министерот за одбрана, на заменикот, на луѓето од Министерството, за посветената работа.

    Се разбира, сакам да ја искористам оваа прилика да ја истакнам работата на началникот на Генералштабот и да се заблагодарам на неговата неуморна работа и посветеност, за да може нашата Армија да изгледа вака како што изгледа, да биде конкурентна, да биде подготвена. Сведочевте на прекрасна вежба. На сите оние старешини коишто се дел од Генералштабот, дел од единиците, и се разбира, најголема благодарност до луѓето, до војниците, коишто сето ова кое што денеска го видовте, го извршија беспрекорно.

    Ние остануваме, како Влада, посветени да ги исполнуваме сите барања од страна на НАТО Алијансата.

    Пред неколку дена, во посета кај нас беше главниот командант на вооружените сили на НАТО за Европа, господинот Гринкевич, којшто јасно кажа дека сите инфраструктурни проекти коишто во моментот ги движиме, вклучително и средствата коишто ги одвојуваме, претставуваат пример за многу земји членки на НАТО и тие, во нашиот случај, достигнуваат и до четири проценти, што навистина за нас претставува една цел која што ќе се обидеме, во годините коишто следат, да ја одржиме.

    Четири проценти од бруто-домашниот производ, имајќи предвид дека номиналниот бруто- домашен производ во последно време расте со стапка од осум проценти и повеќе, ќе претставува предизвик, но секако ние, како Влада, имаме приоритет да инвестираме во нашата македонска Армија и да ја направиме Армијата поконкурентна, иако таа, можам да кажам, е навистина исклучително конкурентна.

    Така што, еве, уште еднаш би сакал да се заблагодарам на сите учесници и, како што кажав, на сите оние коишто допринесуваат денеска македонската Армија да изгледа конкурентна вака како што е“, потенцираше Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30

    Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација

    28.10.2026 во 21:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.