Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Реконструкцијата на Владата е со цел да има нова енергија за нов импулс, за уште повеќе работа

    30.06.2026 во 21:28

    Марија Митева е нова претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов веќе не е лидер на младите сили

    30.06.2026 во 21:12

    ВИДЕО: Заокружена владината реконструкција – ова се новите министри

    30.06.2026 во 21:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Реконструкцијата на Владата е со цел да има нова енергија за нов импулс, за уште повеќе работа
    • Марија Митева е нова претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов веќе не е лидер на младите сили
    • ВИДЕО: Заокружена владината реконструкција – ова се новите министри
    • Перински се сели во ФЗО, Стоилковиќ нов министер за локална самоуправа
    • До 18 часот регистрирани 13 пожари
    • Средба на Сиљановска-Давкова со генерал Алексус Грегори Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа
    • Јаревски: Контиунирано две години има економски раст над 3% и силна реализација на капиталните инвестиции
    • СДСМ: Мицкоски се претвори во обвинител и судија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Реконструкцијата на Владата е со цел да има нова енергија за нов импулс, за уште повеќе работа

    Мицкоски: Реконструкцијата на Владата е со цел да има нова енергија за нов импулс, за уште повеќе работа

    30.06.2026 во 21:28Updated:30.06.2026 во 21:434 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Штотуку заврши седницата на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, каде зборувавме за новите кадровски решенија, кадровски решенија нови во партијата, но и кадровски решенија нови во Владата. Пред да прејдам на решенијата, сакам да соопштам дека оваа реконструкција на Владата означува почеток на нова фаза по изминати две години, од работата на оваа Влада, исполнети со сериозни предизвици, поставување темели, стабилизација на состојбите и реализација на крупни проекти. Сега следува период, во кој фокусот уште повеќе ќе биде ставен на ефикасноста, динамиката и испораката на резултати за граѓаните. Нова енергија за ново забрзување, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

    Во изминатиот период посочив дека секој функционер мора да биде достапен, одговорен и целосно посветен на работата. Тоа останува принцип од кој нема отстапување. Граѓаните очекуваат темпо, дисциплина и резултати, а токму тоа ќе биде обврска на секој член на Владата.

    Па би сакал сега, ако може да преминам во делот што се однесува до Владата. ВМРО-ДПМНЕ во продолжение од функционирањето на оваа Влада ќе го раководи ресорот Министерство за социјална политика, демографија и млади, и таму нов министер во ресорот социјална политика, демографија и млади ќе биде досегашниот заменик министер, а тоа е Ѓоко Велковски.

    Понатаму, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да го води ресорот здравство и таму нов министер ќе биде Сашо Клековски, досегашен директор на Фондот за здравствено осигурување. На негово место доаѓа досегашниот министер за локална самоуправа, Златко Перински, а нов министер за локална самоуправа ќе биде господинот Иван Стоилковиќ. Министер без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите, ќе биде Ерџан Демир, дипломиран економист кој до сега е претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во општина Шуто Оризари.

    Од политичката партија ВРЕДИ, нови министри ќе бидат номинирани во Министерството за правда, култура и туризам и Министерството за односи меѓу заедниците, додека пак, политичката партија ЗНАМ, ќе номинира свој кандидат во Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство.

    Она кое што исто така сакам да го истакнам е дека досегашниот ресор за добро владеење, односно потпретседател во Владата за добро владеење, се укинува и тој ресор за добро владеење ќе биде директно под ингеренции на кабинетот на премиерот. Ние веќе имаме секретар, којшто ја следи работата на Владата и реализацијата на програмата, сега ќе имаме и секретар од кабинетот којшто ќе биде задолжен за добро владеење.

    Исто така, ќе ми дозволите да ве информирам дека пред почетокот на состанокот на ИК, заедно со политичката партија Демократска партија на Турците, постигнавме согласност за нејзино учество во коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ и понатаму нејзино учество во Владата со еден претставник, министер без портфолио. Така што Владата го задржува истиот број на ресори, со тоа што ќе имаме двајца потпретседатели на Владата помалку, споредено со изминатиот двогодишен период.

    Што се однесува до партиските решенија, би сакал да кажам дека три практично општински комитети, добиваат нови претседатели.

    ОК Кичево добива нов претседател во името на Дејан Пандилевски. Досегашниот претседател на ОК, Лазе Јакимоски, работеше посветено, направи исклучително голема работа, но како заменик министер во Министерството за јавна администрација, останува посветен на своите професионални обврски во рамките на самото министерство.

    ОК Битола добива нов претседател во името на Горан Исков, којшто во моментот ја извршува функцијата директор на АД ЕСМ Молика, подружницата. На местото на пратеникот Пеце Милевски, којшто продолжува да биде заменик на Генералниот секретар и ќе делува во изборната единица 5.

    Третиот претседател, којшто денеска го потврди ИК на партијата, е претседателот на ОК Прилеп. Тој е младиот, талентиран, харизматичен и навистина надежен, Христијан Тунески, којшто очекувам со својата младост, пркост и енергија да внесе нова енергија во ОК Прилеп, додека пак, досегашниот претседател на ОК Прилеп, и актуелен градоначалник на Општина Прилеп, Дејан Проданоски ќе биде предложен за нов член на ИК на партијата.

    Со ова, практично ја затвораме целокупната структура на општински комитети.

    Истовремено, би сакал да ја информирам јавноста дека за нов претседател на Унијата на млади сили е избран Тодор Конески, а за нова претседателка на Унијата на жени е избрана Марија Митева, досегашен портпарол на Владата.

    Сите овие смени и во рамките на партијата и во рамките на Владата, имаат за цел да внесат нова енергија, да додадат вредност во квалитетот на работење и на Владата и на партијата. Новата енергија е нов импулс за уште повеќе работа, новата енергија е ново забрзување, забрзување на реформите, забрзување на економијата, забрзување на капиталните инвестиции и забрзување на промените што граѓаните ги очекуваат и заслужуваат.

    Прочитај повеќе

    Марија Митева е нова претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов веќе не е лидер на младите сили

    30.06.2026 во 21:12

    ВИДЕО: Заокружена владината реконструкција – ова се новите министри

    30.06.2026 во 21:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.