Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Малолетничка нападната во Аеродром
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
    • ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
    • Старец прегазен и усмртен на Градско-Велес, полицијата трага по возачот
    • Андоновски: Државата, граѓаните и компаниите мора заедно да го чекорат патот на дигиталната трансформација
    • Приведен тинејџер: Се заканувал на полицаец преку социјални мрежи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Растот на пензиите е 16 пати поголем од времето на СДСМ, денес се живее подобро од пред три години

    Мицкоски: Растот на пензиите е 16 пати поголем од времето на СДСМ, денес се живее подобро од пред три години

    12.09.2026 во 15:512 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Разликата во растот на пензиите е 16 пати поголема во тоа што го зголеми оваа влада споредено со тоа што го направи СДСМ, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

    Одговарајќи на новинарско прашање за растот на платите и пензиите споредно со претходната власт, Мицкоски рече опозициските критики за животниот стандард се само „ПР-трик“ осмислен од консултанти за да се хуманизира опозицијата.

    -​Но, лошата вест за нив е што тие немаат кредибилитет тоа да го зборуваат, бидејќи имаа седум години можност да го подобрат квалитетот на животот на граѓаните. Тие ги ограбија дополнително и не само што ги ограбија, ги понижија, ги распродадоа – изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на компанијата „Теса Енерџи“.

    Според Мицкоски, и сега има проблеми и се решаваат, но, како што нагласи, денес многу подобро се живее од пред три години.

    -Јас не велам дека сега е совршено. Да, имаме проблеми и ги решаваме. Не велам дека сега тече мед и млеко. Но, тврдам, и тука мора да се сложиме, и се сложуваат граѓаните на сите јавни мерења, дека денес многу подобро се живее од пред три години. Нема веќе банди, нема веќе криминал, нема рекетирање, нема веќе марихуана економија, нема веќе провизии од Лотарија… Нема. Туку се враќаат назад кај граѓаните, се работи за граѓаните. ​Таа е разликата – изјави Мицкоски.

    Мицкоски додаде дека глобалните предизвици, како војната во Украина, ескалацијата на блискоисточната криза и нестабилноста во Арапскиот Залив, дополнително го отежнуваат животот насекаде во светот, но дека Владата е мотивирана да ги претвори тие кризи во можност за напредок.

    -Јас сум убеден, бидејќи сме мотивирани како никогаш, инспирирани од поддршката на граѓаните, дека за три години ќе биде многу подобро од денес. Да, и тогаш ќе се живее тешко, нема да биде лесно, бидејќи насекаде во светот тешко се живее, имајќи ги предвид предизвиците коишто се случуваат. Гледате, секој ден нешто ново се случува — еве, вчера пресвртот што се случи со Хутите, континуираната ескалација на дејствата во Арапскиот Залив, војната во Украина и така натаму. Ова се предизвици коишто ќе траат, нема да завршат брзо. И ние мораме во сета оваа криза, сето ова да го препознаеме и од ова да извлечеме прилика и можност да одиме напред. Тоа е суштината на оваа Влада и работата на оваа влада – изјави Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%

    06.10.2026 во 12:15

    Од инфраструктура до енергетика: Мицкоски ги најави клучните проекти за следниот период

    06.10.2026 во 11:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.