Close Menu
Press24
    Најново

    Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука

    07.07.2026 во 23:42

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука
    • Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди
    • Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
    • По 25 години – нов етички кодекс за новинарите
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Проектот „Везилка“ е почеток на процес за посилна наука и поконкурентна економија

    Мицкоски: Проектот „Везилка“ е почеток на процес за посилна наука и поконкурентна економија

    24.06.2026 во 13:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски, денеска се обрати по повод промоцијата на проектот „Везилка“, со кој се воспоставува Националниот центар за вештачка интелигенција. Тој истакна дека станува збор за стратешко вложување во иднината и во потенцијалот на домашните научници, истражувачи, студенти и компании.

    „Повикувајќи се на вредноста на проектот, тој претставува вложување во иднината, во потенцијалот на македонските научници, истражувачи, студенти и компании, но и јасна определба државата да биде активен учесник во технолошките процеси што го обликуваат современиот свет“, истакна Мицкоски.

    Премиерот потенцираше дека развојот на вештачката интелигенција веќе создава нови економски модели и индустрии, поради што способноста на државата да ги поврзе науката и стопанството е клучен предуслов за долгорочен развој. Како посебна вредност на „Везилка“, тој ја издвои заедничката визија на Владата, академската заедница и Европската Унија.

    Мицкоски додаде дека преку овој центар се отвораат нови перспективи за македонските истражувачи и стартап заедницата, кои ќе добијат пристап до европската инфраструктура за вештачка интелигенција и до напредни суперкомпјутерски капацитети.

    „Како универзитетски професор, отсекогаш сум верувал дека најсилниот ресурс на секоја држава се луѓето. Знаењето што го поседуваат, талентот што го развиваат и идеите што ги создаваат се најсигурната основа врз која може да се гради просперитетна иднина. Затоа секоја инвестиција во науката и истражувањето е инвестиција која со текот на времето носи најголем поврат за општеството“, подвлече премиерот.

    Во своето обраќање, тој стави посебен акцент на фактот што овој проект директно ќе влијае врз заштитата на домашните обележја во дигиталниот свет.

    „Особено значење има и фактот што ‘Везилка’ ќе придонесе за развој на македонски јазични модели и дигитални алатки на македонски јазик. Во време кога новите технологии сè повеќе стануваат простор во кој се создава и споделува знаење, присуството на сопствениот јазик претставува прашање на културен континуитет, научен развој и национална самодоверба“, рече Мицкоски.

    На крајот, тој упати честитки до ФИНКИ, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Министерството за дигитална трансформација за нивната посветеност, како и благодарност до Европската Унија за поддршката.

    „‘Везилка’ претставува почеток на еден процес кој ќе придонесе за посилна наука, поконкурентна економија и поголеми возможности за младите луѓе. Процес што ќе помогне Македонија да се позиционира онаму каде што знаењето е многу значајно и во исто време да ја поддржува иновативноста и да создава услови иднината да се гради дома, со домашен потенцијал, домашна експертиза и домашна визија“, заклучи Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството

    07.07.2026 во 22:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.