Close Menu
Press24
    Најново

    58-годишник од Тетово демнел 18-годишна девојка

    11.03.2026 во 08:38

    Светскиот ден на бубрегот – Фокус на раната дијагноза и современите третмани

    11.03.2026 во 08:33

    Редовно годишно Собрание на МАНУ

    11.03.2026 во 08:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 58-годишник од Тетово демнел 18-годишна девојка
    • Светскиот ден на бубрегот – Фокус на раната дијагноза и современите третмани
    • Редовно годишно Собрание на МАНУ
    • Седница на Судски совет – Се одлучува за право на надоместок на трошоци за вршење судиска функција
    • Неколку скопски населби без струја – Исклучувања до 14 часот
    • Авионот полетува – Македонски државјани од Саудиска Арабија, Кувајт и Бахреин денеска се враќаат дома
    • Ќе се положи цвеќе – 83 години од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во Треблинка
    • Собраниска комисија ќе одлучува за барања за плата по завршување на функцијата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Проектот Градски воз ќе се гради во три фази – се очекува драстично намалување на користењето на моторни возила

    Мицкоски: Проектот Градски воз ќе се гради во три фази – се очекува драстично намалување на користењето на моторни возила

    04.01.2026 во 13:442 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со прогресот на проектот Градски воз,  изјави дека проектот е исклучително важен и дека првата фаза веќе е отпочната.

    „Градски воз е исклучително важен проект за приградските населби и општини до центарот на главниот град. Во три фази ќе биде. Првата фаза веќе е отпочната, реконструкција на пругата и електрификација ќе се обраќа електрична локомотива, електричен воз и 360 милиони денари е вредноста на проектот“, одговори премиерот Мицкоски.

    Претседателот на Владата истакна дека со трите делници од проектот очекува драстично да се намали користењето на патничките моторни возила.

    „Првата делница е од Зелениково преку Драчево, Лисиче, Кисела Вода, Аеродром до центар на Скопје практично, главна железничка станица. Втората делница е од Миладиновци Илинден до Маџари, до главната централна железничка станица, а третата делница е од таа централна железничка станица преку Скопје Север, Ѓорче до Волково.

    Отприлика ова ќе биде рутата и цениме дека на овој начин ќе се растерети сообраќајот во Скопје. Голем број на жители на општините околу Скопје и приградските општини ќе можат да ги користат овие линии, ќе бидат навистина брзи, удобни и јас очекувам драматично да се намали користењето на патничките моторни возила, повеќе да се користи овој Градски воз како проект“, рече премиерот.

    Популарно

    Уживајте во убавото време – Викендов следи лош пресврт

    10.03.2026 во 08:04

    Дизел кај нас 14,5 ден/литар – На светските пазари цената на нафтата драстично паѓа

    10.03.2026 во 09:51

    Скандал во Пентагон: Ројтерс открива дека бројот на ранети Американци е трипати поголем од официјалниот

    10.03.2026 во 21:26

    Собраниска комисија ќе одлучува за барања за плата по завршување на функцијата

    11.03.2026 во 08:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.