Мицкоски: Продожуваме со модернизација на Армијата


Армијата е нешто што кај мене има посебна почит како припадник на истата 2003-2004 година во делот од македонската гарда, можев да научам многу работи коишто можеби за жал, дел од помладите генерации не можат да ги видат, кога не сте дел од Армијата, истакна премиерот Христијан Мицкоски од Криволак.

-Но, тоа е што е, таков е животот. Мене тој период од животот ме наведе таму и навистина поминав прекрасен период и стекнав пријателства коишто до денеска ги имам, така што уште еднашка македонските војници ја имаат мојата огромна почит и ќе се обидам како претседател на Владата заедно со останатите членови на Владата во соработка со нашиот стратешки партнер Соединетите Американски Држави и останатите земји членки на најголемата и најсилната во историска смисла Алијанса тоа е НАТО пактот да овозможиме што е можно подобри услови за војниците и за старешините да можат да се развиваат во една модерна современа Армија којашто ќе може да одговори на предизвиците коишто се потребни пред сѐ за да ја заштитат сопствената татковина, а потоа да одговорат и на предизвиците коишто заедно со сојузниците во рамките на НАТО Алијансата ќе ги имаме и надвор од оние предизвици кои што ги имаме- да ја заштитиме сопствената татковина“, рече Мицкоски и додаде:

„Денеска можевме да видиме една навистина динамична практична вежба со примена на современо вооружување, со примена на модерна опрема. Јас можам да кажам дека од она што успеав да гои видам можам да заклучам дека навистина капацитетите се на едно високо би рекол одлично ново. Често пати ме прашуваат дали сте задоволни или не сте задоволни. Можам да кажам дека сум презадоволен. Секогаш може да биде подобро Јас сум убеден дека следниот пат ќе биде уште подобро, следниот пат ќе биде уште подобро од претходниот итн. итн. ќе ги градиме капацитетите. Она коешто го очекуваат и граѓаните но и потребите коишто ги наметнува членството во најголемата и најсилната во историјата воена Алијанса, НАТО Алијансата. Како Влада ќе продолжиме да ве поддржуваме и мислам дека ни претстојат многу убави денови. Во делот на техничките капацитети министерот кажа доволно, во делот на финансиските капацитети министерот кажа во соработка со Министерството за финансии што се направивме во овој периодот и што беше она што го затекнавме. Но, бидете убедени дека поддршката за Армијата набавувањето на нова опрема, средства ќе продолжат и во годините коишто следат. За да бидеме навистина една модерна и динамична Армија којашто ќе одговара на НАТО стандардите. Уште еднаш благодарам на поканата и на Генерал штабот. Благодарам на началникот на Генерал штабот да бидам дел од овој прекрасен настан и секогаш кога ќе бидам поканет стојам на располагање, додава Мицкоски.

04.10.2024 - 13:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега