Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Топлотниот бран не попушта – горештини не чекаат и во септември

    25.08.2026 во 15:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • По 6 години прв смртен случај од западнонилска треска во Холандија
    • Во САД се помалку дебели луѓе – Оземпик е главната причина
    • Во село Гари отворена спомен соба на копаничарот Петре Филиповски – Гарка                                                   
    • Велес: Ја киднапирал бившата 17 годишна девојка – МВР го фати по кратка потера
    • „Сејф Сити“ ги изгоре странците: Огромна сума пари наплатена за само 6 дена
    • Утврден распоред на летното и зимското сметање на времето за следните пет години
    • Грците горат, не палете ни цигара: Напишале 1,2 милиони евра казни за подметнување пожари
    • Мемов бара нов модел за здравственото осигурување на пензионерите – сега не чинат 220 милиони евра годишно
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Прифаќам само македонски црвени линии

    Мицкоски: Прифаќам само македонски црвени линии

    26.09.2025 во 14:513 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Без гаранции не ми паѓа на памет да размислувам за уставни измени. Нашата позиција е јасна, ние не ги игнорираме обврските што претходната влада на СДСМ ги прифатила, за жал, но исто така не гледаме дека нашиот истоичен сосед прави нешто во насока на испорака на своите обврски. Очекуваме поробусна акција од ЕУ и кај нашиот источен сосед, односно кај нивниот партнер во рамки на европското семејство зашто сме виделе во минатото многу пати – кога се сакало се се можело, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски.

    Тој потенцира дека за него постојат само македонски црвени линии, како и дека за Резолуцијата на СДСМ ќе се изјасни по локалните избори. 

    -Ние имаме јасна позиција, гаранции – кои ги спомна претседателот на Европскиот совет, зашто македонските граѓани без разлика на етничката припадност, многу дадоа во име на европската иднина на државата, како ниту еден друг народ во Европа. Ако сакате да тргнеме да анализираме од 18, 19 век па навамау за за последниот сега веќе да не зборваме. Без такви гаранции на памет не ми паѓа да размислувам за какви било уставни измени. Што со Македонците од другата страна на таа граница? Што со нив? Ќе се откажуваме ли секогаш како влади од македонскиот народ во соседството и насекаде во светот? Тоа јас нема да го направам никогаш. А треба само едноставно да се применат пресудите од Стразбур, ништо повеќе не треба да прават. Тоа е меѓународно право, Бугарија е потписник на тие конвенции. Само треба да го применат она што го донел Европскиот суд за човекови права во Стразбур што е и европска темелна вредност – да може ОМО Илинден Пирин да функционира како здружение на Македонците во Бугарија и со тоа ќе стекне право да претстави свој човек во Министерскиот совет за малцинства во Бугарија како што имаат Евреите, Ерменците, Турците, Ромите,… Заслужиле Македонците кои според пописот во 1956 година биле мнозинство во западна Бугарија, а во 1965 година магично исчезнале 200 000, да имаат свој претставник таму. И јасно држење до Резолуцијата од јули 2022 година која заеднички ја гласаше Парламентот со 95 гласа. Ништо друго не бараме, ова е тоа што го бараме. Ова се се факти. Кога ќе видиме подготвеност од другата страна и ние сме подготвени да седнеме и да разговараме, подвлече премиерот. 

    За жал, напомена Мицкоски, и ова раководство на СДСМ ја продолжува практиката на своите претходни партиски раководства – да ги руши, како што рече, позициите на македонската Влада и држава и да ги распродава идентитетските и националните приоритети од за него неразбвирливи причини.

    -Ако ова го правеа на времето, за да останат на власт, за да ги злоупотребуваат институциите и ресурсите на државата, некако ги разбирав, но сега, како опозиција, не разбирам зошто мора да ги подриваат позициите на Владата која сака да го поправи тоа што тие го распродадоа изминатите седум години на меѓународен и на домашен план. Т.н. Резолуција и текстот внатре ќе се разгледува по изброите, така го разбрав СДСМ. Таму има историски фалсификати. Кога славиме 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик, тие не убедуваат дека тој во ОН бил прифатен деветнаесетата година. И вчера го кажав фактот дека во 2005 година не доби Северна Македонија дата за почеток преговори, туку Република Македонија. Тоа се историски фалсификати, јас не знам до кога овие луѓе ќе се служат со историски фалсификати. За Резолуцијата тоа малку што имаме да го кажеме, ќе го кажеме по изборите. Инаку, можеме да растураме пердуви колку сакаме, но не сме прифатиле негови црвени линии. Јас прифаќам само македонски црвени линии, истакна Мицкоски. 

    Прочитај повеќе

    Петрушевски: Македонија не смее да ја пропушти новата индустриска револуција, дата-центрите се инфраструктура на иднината

    26.08.2026 во 15:23

    Филипче: ВМРО и ДУИ договориле блокада на Собранието 

    26.08.2026 во 14:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.