Close Menu
Press24
    Најново

    22-годишник уапсен во близина на Милано под сомнение за тероризам: Под истрага е планирање напади врз синагога и џамија

    29.10.2026 во 21:17

    „Никој да не го заборави тоа“: Путин ја предупредува Европа на опасно сценарио

    29.10.2026 во 21:11

    Андоновски: Во 2027 година се очекува поставување на камен-темелникот за Националниот дата центар

    29.10.2026 во 20:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 22-годишник уапсен во близина на Милано под сомнение за тероризам: Под истрага е планирање напади врз синагога и џамија
    • „Никој да не го заборави тоа“: Путин ја предупредува Европа на опасно сценарио
    • Андоновски: Во 2027 година се очекува поставување на камен-темелникот за Националниот дата центар
    • Електрична греалка предизвикала пожар во соба: Починаа две мали деца
    • Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе
    • Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата
    • Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања
    • Мицкоски: Не постои ниту една афера која е поврзана со оваа влада
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Претходната влада ги направи уставните измени критериум за ЕУ

    Мицкоски: Претходната влада ги направи уставните измени критериум за ЕУ

    08.10.2026 во 21:562 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување на Телевизија Алсат М се осврна на неодамнешната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и на процесот на евроинтеграциите на земјата.

    ,,Не беше во таа смисла кажано. Туку беше кажано дека се уште некако како да стоиме и не успеваме да го придвижиме сите заедно процесот, а нашата заедничка цел е практично да бидеме еден ден дел од Европската Унија. Во таа смисла беше кажано тоа. Инаку нашиот разговор беше содржаен, пријателски разговор, кои го водат двајца пријатели“, појасни Мицкоски.

    Премиерот истакна дека не е задоволен од досегашната динамика, но нагласи дека во меѓувреме се појавил документ од Европската комисија кој охрабрува, макар што тој чека конечно усвојување од Европскиот совет.

    ,,Јас не сум задоволен од динамиката на процесот, бидејќи уставните измени како такви, за нас како Влада ставот го знаете, јасен е. Нашата цел е практично да најдеме начин со што некако ќе го придвижиме процесот напред. Во меѓувреме се појави овој документ кој што го објави Европската комисија за кој што можам да кажам дека охрабрува, но тој документ на крајот на денот треба да биде усвоен од Европскиот совет“, рече тој.

    Во врска со прашањето дали условот за уставни измени останува, Мицкоски посочи дека тој обврзувачки елемент бил прифатен од претходната власт на СДСМ и ДУИ.

    ,,Никогаш ние не сме кажале дека тој услов не останува. За жал, претходната влада на СДСМ и ДУИ прифати нешто кое што е дел од овој процес. Но, она кое што беше наша цел од самиот почеток на Владата, ако ги оставиме оние будалаштини што ги кажува моменталното раководство на СДСМ и ДУИ дека сме ветувале, па сме излажале итн, ако ги оставиме тие будалаштини и зборуваме за реална политика, тогаш нашата цел беше да можеме да најдеме начин како тој процес да го задвижиме, а притоа да успееме да го задржиме достоинството, кое со прифаќање на тој услов ќе се согласите со мене апсолутно беше не само уништено, туку буквално закопано, ако се има предвид дека претходно на ова прифаќање му претходеше едно друго понижување, а тоа беше промената на уставното име“, дециден е Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    Андоновски: Во 2027 година се очекува поставување на камен-темелникот за Националниот дата центар

    29.10.2026 во 20:46

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.